Македонија
Во Македонија 23 нови случаи на коронавирус и 1.191 оздравени, починаа 10 лица
Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 23 нови случаи на коронавирус, 10 лица починаа, а 1.191 оздравеа, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 2.755 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 15, Куманово и Прилеп – по 2, Охрид, Струмица, Кичево и Кратово – по 1.
Регистрирани се 1.191 оздравени пациент од: Скопје – 475, Куманово – 115, Битола – 103, Охрид – 93, Тетово – 50, Прилеп и Велес – по 40, Кичево – 31, Струга -24, Свети Николе и Ресен – по 19, Гостивар и Штип – по 18, Кавадарци и Гевгелија – по 16, Струмица, Кочани, Радовиш и Делчево – по 14, Виница – 13, Крушево и Демир Хисар – по 12, Неготино – 8, Македонска Каменица – 5, Крива Паланка – 3, Валандово – 2, Пробиштип, Богданци и Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 10 починати лица: пет лица од Скопје (88г,80г,74г,66г,57г) и по едно лице од Куманово (88г), Битола (63г), Кавадарци (78г), Струга (76г) и Кочани (83г). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите осум во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 794.832 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.269, бројката на оздравени пациенти е 148.664, на починати е 5.408, а бројот на активни случаи изнесува 1.197.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Синдикатот на контрола на летање: Наводите на М -НАВ дека Тасевски признал дека штрајкот е незаконски се невистинити
Синдикатот на контрола на летање ( ССКЛ) демантира дека во било кој исказ, изјава или писмена форма, од било кој член на ССКЛ, вклучувајќи го и претседателот на синдикатот, е изнесено признание дека штрајкот најавен од страна на ССКЛ за 20 октомври, кој, како што велат, беше забранет како наводно незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје, е незаконит, ниту, пак, дека се свесни оти постапуваме надвор од закон.
„Наводите на М-НАВ АД Скопје дека претседателот на ССКЛ, Тасевски, признал дека штрајкот што го најавил е незаконски се целосно невистинити и имаат за цел да го дефокусираат јавниот дискурс од реалниот проблем кој постои уште од 2023 година, а кој сегашниот менаџмент нема капацитет да го надмине. Со овие дезинформации, М-НАВ АД Скопје свесно ја манипулира јавноста, со цел да се наруши угледот на претседателот Александар Тасевски и на ССКЛ – синдикат кој доследно и единствено се спротивставува на секој обид, внатрешен или надворешен, што има за цел да ја поткопа професионалноста на компанијата“, сенаведува во демантот.
Од Синдикатот наведуваа дека не е вистина дека ССКЛ нема право на штрајк. „За истиот овој штрајк, во 2024 година, целата јавност беше сведок дека претставници на тогашната Влада и на надлежните министерства јавно ја изразија својата поддршка за истите барања што важат и денес. Како може тогаш штрајкот да бил легитимен, а денес не? – Не е вистина дека не е завршена постапката во фазата на помирување. Не е вистина дека ССКЛ има политички цели или позадини“, се наведува во демантот.
Од Синдикатот најавија дека ќе продолжат да ја докажуваат вистината и пред медиумите и пред институциите.
„ССКЛ ќе ја обжали одлуката на Граѓанскиот суд за времената мерка за забрана на штрајкот, и ќе побара предметот да биде вратен на рочиште, за да ја изложиме нашата одбрана и аргументи пред надлежниот суд“, велат од Синдикатот на контрола на летање.
Македонија
Љутков од Виница: По седум години започнуваме со нови културни инвестиции за заштита и промоција на културното наследство
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска е во посета на Општина Виница.
Покажуваме, рече тој, дека и помалите општини заслужуваат системска поддршка и внимание, особено кога станува збор за заштита и промоција на културното и историското наследство.
На археолошкиот локалитет Виничко Кале, каде е откриено едно од најзначајните богатства на македонската археологија со ретка уметничка и духовна вредност, познатите теракотните икони, министерот најави почеток на голем проект за истражување, конзервација и ревитализација на локалитетот.
„Во 2026 година Министерството за култура и туризам, преку своите институции: Националниот конзерваторски центар и Археолошки музеј од Скопје заедно со локалниот Музеј „Теракота“ од Виница, ќе започне со реализација сеопфатен проект за истражување, заштита, конзервација и ревитализација на локалитетот. Проектот вклучува целосна конзервација на објектите и на бедемите, структурна стабилизација на загрозените делови, како и современи археолошки истражувања, што ќе овозможат долгорочна заштита и достапност на локалитетот за јавноста“, рече Љутков.
Целта е, како што истакна, Виничко Кале да стане централна точка за културен туризам, научни истражувања и едукативни програми во овој дел на државата. Тоа, според кажаното не значи само зачувување на наследството, туку и нова перспектива за економски и туристички развој на целиот регион. Локалитетот ќе стане жив културен простор, отворен за сите граѓани, посетители и идни генерации.
Во Виница Љутков ќе ги посети и сите локални институции од областа на културата.
Македонија
(Видео) Милевски: Изборниот процес во Виница продолжува со закани, уцени и казни на секој чекор
Изборниот процес пред првиот круг во Виница започна со насилство, инциденти и нарачани апсења на неистомисленици на ВМРО–ДПМНЕ, а сега продолжува со закани, уцени и казни на секој чекор, посочи на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Виница од СДСМ, Гоце Милевски.
Како што оцени, веќе повеќе од година и пол, политичката, а во голема мера и институционалната моќ во Општина Виница, се концентрира во рацете на еден човек, Митко Костадиновски – Книжар.
„Координатор на Општинскиот комитет Виница, началник на шумска полиција на државно ниво и истовремено кандидат за градоначалник – еден човек кој, според бројни сведоштва и реакции од јавноста, има влијание врз сите институции во општината. Оваа концентрација на моќ не е случајна. Таа, според голем дел од граѓаните и јавноста, се одржува преку притисоци, уцени, поткупи и физички пресметки – не само со политички противници, туку и со сопствени партиски членови. Се зборува дека истиот човек одлучува кој ќе биде началник на полиција, секретар на општина, директор на училиште, раководител или вработен во институција – па дури и како ќе се преуредуваат училници во училиштата“.
Таквото владеење, додава Милевски, нема ништо заедничко со демократијата и разумот.
Тоа, како што напомена, не е начин на управување што води кон развој, туку кон страв, поделби и злоупотреба на институциите за лични и партиски цели.
„Твојот човек од народот“ на ВМРО–ДПМНЕ за Виница, според информации што кружат во јавноста, зад себе носи минато исполнето со контроверзии и сериозни сомнежи: поврзаност со случајот Детонатор, со ослободување на осомничен инспектор за пожарот во „Пулс“, со скандалот околу сечата на дрва во Малешевијата, како и со наводи за вмешаност во напад врз кандидат за советник од ромската заедница.
Изборот на Митко Костадиновски за градоначалник, според многумина, би значел ризик за иднината на нашиот град и на идните генерации.
Клучното прашање што останува без одговор е зошто досега нема ниту една негова јавна реакција или став за сите овие случаи“, прашува Милевски.
Упатува порака до виничани да не се плашат.
„Не дозволувајте да ве уценуваат или поткупуваат. Не прифаќајте притисоци, а секој обид за закана или репресија охрабрувам да го пријавите.
Исто така, упатувам порака и до симпатизерите и членовите на ВМРО–ДПМНЕ Виница:
Време е партијата да си ја вратите во свои раце и повторно да се борите со идеи, програми и визија – а не со страв и насилство.

