Македонија
Во Македонија 702 нови случаи на коронавирус, 24 лица починаа
Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 702 нови случаи, а 24 лица починаа, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 6.480 тестирања, а регистрирани се 702 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 280, Струмица – 49, Куманово – 47, Штип – 37, Гостивар – 33, Тетово – 28, Охрид – 26, Кичево – 19, Битола – 17, Прилеп, Велес и Кавадарци – по 16, Свети Николе – 14, Радовиш -13, Струга – 10, Ресен, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пробиштип – по 9, Дебар – 8, Гевгелија и Берово – по 5, Кочани, Неготино и Кратово – по 4, Валандово и Демир Хисар – по 2, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 1.119 оздравени пациенти.
Пријавени се 24 починати лица: 10 починати лица од Скопје (93г, 85г, 81г, 70г, 65г, 63г, 59г, 57г, 50г и 37г), 4 починати лица од Гостивар(86г, 75г, 63г, 51г), 2 починати лица од Прилеп (70г и 45г) и по едно починато лице од Тетово (87г), Кавадарци (67г), Струмица (62г), Кичево (61г), Кочани (76г), Дебар (60г), Валандово (76г) и Богданци (62г).
Досега во земјата се направени вкупно 1.203.819 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.620, бројката на оздравени пациенти е 161.515, на починати е 6.153, а бројот на активни случаи изнесува 13.952.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Агресивен карцином кај 10 годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со е бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.

