Македонија
Во новите тела на СДСМ ќе ги обединам сите компетентни и искусни кадри , вели Филипче
Кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Венко Филипче во програмата ,,Нов СДСМ за нови победи” предвидува обединување на сите компетентни и искусни кадри кои во минатото и сега придонесувале во партијата и општеството.
Реорганизацијата на партијата и новите тела ќе придонесат за ефикасна и функционална партиска организација.
Освен промена на начинот на внатрепартиските избори за општински раководства, во СДСМ ќе се формираат три нови тела: Советот за политика и стратегија, Секретар за односи со општинските и месните комитети и Комисија за етика и одговорност, како и секторски комисии.
„СДСМ располага со огромен човечки потенцијал, луѓе кои секогаш биле блиски до партијата, делеле исти вредности и ставови, но во изминатите години се пасивизирале или повлекле од различни причини. Една од моите главни цели е обединување на сите компетентни и искусни кадри кои во минатото и сега придонесувале во партијата и општеството. Како претседател, ќе се потпирам на нивните стручни мислења, искуства и анализи преку кои ќе се градат партиските политики. Јас верувам во тимска работа, верувам во знаење, искуство и наука и секој кој сака да помогне ќе биде добредојден во партијата“ – рече Венко Филипче на средби со членовите.
Според него, еден од главните столбови во функционирањето на партијата ќе биде Советот за политика и стратегија. Советот ќе се состои од политичари, експерти и надворешни соработници кои на дневна основа ќе ги анализираат политичките состојби и ќе креираат стратегии и политики за партијата. Во Програмата на Филипче е предвидено Советот да биде задолжен да го контролира идеолошкиот развој и позиции на партијата и да ги усогласува политиките на социјалдемократските принципи. Функцијата на овој совет ќе биде навремено да реагира за партијата да може да се прилагоди на сите предизвици преку одлуки што ќе бидат добро обмислени и базирани на докази што има за крајна цел подобрување на кредибилитетот на партијата.
Во рамки на Советот за политика и стратегија ќе се формира уште едно тело-Советот на ветерани на партијата.
Според Програмата, овој Совет ќе биде составен од искусни поранешни политичари на СДСМ и ќе служи како советодавен одбор на претседателот. Користејќи го големото значење и искуство на неговите членови, СДСМ во иднина ќе носи издржани стратешки одлуки. Советот ќе игра клучна улога во зајакнување на кохезијата во партијата и обединување на сите струи и крила, е наведено во Програмата на Филипче.
Следење на евалуација на работата на партиските и државните функционери и брза реакција при неетичко и коруптивно однесување, ќе биде во надлежност на Комисијата за етика и одговорност.
Создавањето на оваа Комисија е критичен чекор во обезбедувањето транспарентност и етичко однесување во СДСМ. Комисијата ќе се погрижи сите членови на партијата, од најниско до највисоко раководно ниво, да се придржуваат до кодексот на однесување на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„На сите им е јасно дека без поддршка и логистика од врвот на власта не е возможно да се шверцуваат 5 тони дрога“, велат од СДСМ
„После цела недела од објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија нема одговор на клучното прашање: како 5 тони дрога поминала преку македонската граница? Станува збор за огромна количина на дрога. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери со дрога ја поминале границата, а нема приведени, нема осомничени, нема информација кој се е замешан“, велат од СДСМ.
„Како е можно од самиот центар на Скопје да излезат 5 тони дрога и ‘лесно невидливо’ да ја преминат границата и да заминат за Србија? Каде се камерите на „Safe City“? Каде била полиција? Каде била Мобилна цaрина? Зошто немало контроли? Што правеле АНБ и АР?
На сите им е јасно дека без поддршка и логистика од врвот на власта не е возможно да се шверцуваат 5 тони дрога. Од медиумите видовме дека случајот во Србија е поврзан со сестринската партија на ВМРО- СНС како и со државни функционери.
Прашањето е кој се е вмешан од структурите во Македонија и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку граница? Мицкоски, Тошковски, Тарчуловски, Николовски, началници, раководители, инспектори, службеници. Кој?
Заплените кои ги прави власта не се одговор на главните прашања туку дефокус од скандалот со 5 тони дрога. Но и тоа не може да ја спаси власта. Доколку се запленети нелегално произведен и складиран канабис во Македонија, тогаш повторно одговорноста е кај власта и кај никој друг.
Затоа што дозволиле нелегално да се произведува и складира марихуана изминатите две години. Одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на владата. Нема бегање. Сите ќе одговарате!“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
„Заев не спие мирно, немирната совест го натера на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во неделата рано изутрина. Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Факт е дека токму владата предводена од Заев го постави темелот на бизнисот со марихуана во Македонија. Околу 70% од запленетата дрога е поврзана со фирма блиска до СДС, „ЦБД Медплант“, чиј основач е Тони Котев (Мгчев), поранешен претседател на општинскиот одбор во Ново Село, човек поврзан со Вице Заев. Фирмата, формално во сопственост на неговиот син, за помалку од шест месеци испорачала 19 тони марихуана.
Фирмата на Мгчев добива одобрение за работа во време кога владата ја предводеше Заев, а Филипче беше министер за здравство, поточно во 2020 година.
ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш укажуваше дека лиценците за одгледување марихуана за медицински цели се доделувале исклучиво на фирми блиски до власта, а не според законски услови.
Медицинската марихуана била параван за организиран криминал во огромни размери.
Јавноста има право да знае и зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.
Апелираме до Јавното обвинителство да ја истражи вмешаноста на Заев и Филипче во овој случај и да ги објави сите сознанија. Борбата против криминалот е јасна, а на наркокартелот на Заеви му доаѓа крајот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.

