Македонија
Во ова Собрание како јавен обвинител седите затоа што сте предлог на Зоран Заев и владата, му се обрати Пренџов на Јовески
Во поглед на вистината и траорните сценарија, немој да заборавите дека тој што седеше пред вас овдека, кажа дека во 2012 сте имале кривични пријава за онкологија, до денеска десет години поминале, во кои 10 години сте вработен во ОЈО од кои 5-6 години сте главен јавен обвинител, ништо нема. Во 2019 имало, во 2020 имало, ве молам без такви фрази вистината, вистината, сте имале точно 12 години да им ја кажете вистината на македонската јавност, а како ОЈО сте молчеле, рече пратеникот Љупчо Пренџов на денешната Анкетна комисија при македонското Собрание обраќајќи му се на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Пратеникот Пренџов, на обвинителот Јовески, му посака добредојде во највисоката институција во општествено политичкиот систем на Република Македонија, Собранието по кое што и тие како институција работат, при што додаде тоа што ние како пратеници ќе донесеме овде по закон, вие сте должи да го работите.
„Нема повисоко нешто моментално од јавниот интерес, највисоко е јавниот интерес. Трето, наместо да гледате телевизија што ние овде зборуваме, требало да работите и да дојде овде со готови информации до каде е истрагата. И четврто, немојте да кажувате дека пред јавноста не можете и немате право да зборувате, имате право, прочитано ви е правото, ако сакавте можевте да барате да биде затворена седницата за Анкетната комисија. Нема така лесно да си одите. Петто, немојте да заборавите господине Јовески кога го навредувате ова собрание, ние тука во оваа собрание седиме затоа што сме избор на граѓаните, а вие во оваа Собрание како јавен обвинител седите затоа што сте предлог на Зоран Заев и владата. Немој никогаш да го заборавате тоа, која институција е највисока во системот, а вие колеги од СДСМ не треба да го штитите Јовески туку вистината да ја бараме. Ако не може јавно, може на затворена седница“, рече Пренџов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

