Македонија
Во Основниот суд во Гостивар тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет
Министерството за правда, во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ почна со организирање стручни расправи со цел подготовка на измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет за адресирање на препораките од оценската мисија преку транспарентен и инклузивен процес, кој ќе придонесе за унапредување на законската рамка, која го уредува работењето на ова тело.
Донесувањето закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет е дел од активностите и на клучните стратегиски документи: планот за раст и на развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година, напоменуваат од Министерството.
„Изнесените сугестии, мислења, забелешки и предлози на одржаните јавни расправи ќе бидат исклучително важни при дефинирањето на финалното законско решение, кое особено ги тангира судиите. Токму затоа, нашата основна цел денес е да ги слушнеме вашите предлози за предложените законски решенија“, велат од таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

