Македонија
Во позитивна атмосфера поминала средбата на Комисијата за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија
Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија ја одржа 18-тата средба на 31 март и 1 април 2022 година во Скопје, информираат надлежните.
Средбата, како што е нагласено во соопштението, поминала во позитивна атмосфера, со отворен дијалог и размена на ставови по однос на позициите и интерпретациите на минатото за ХI и XII век.
Во писмениот допис е нагласено дека до крајот на годината се планирани уште вкупно четири средби на Комисијата. Наредната средба ќе биде одржана во Софија на 12 и 13 мај 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Паднати дрва, скинати проводници, поплавени куќи по невремето во Скопската котлина
Како резултат на силното невреме што ја зафати Скопската котлина во попладневните часови, преку eдинствениот број за итни повици 112 во ЦУК, биле добиени пријави и известувања за причинети штети.
Жители на Бутел преку видео ја опишуваат состојбата по невремето во оваа скопска општина.
Според ЦУК на бројот за итни повици биле добиени пријави за паднати и навалени дрва, како и скршени гранки, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли.
Имало пријави за поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, оштетени патнички моторни возила, паднати огради, блокирани улици и слични случаи предизвикани од невремето.
Македонија
Зголемувањето на пензиите ќе се разгледува утре на владина седница
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, оствари работна средба со министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, на која беше финализирана конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите.
Со овој проект, повеќе од 300 илјади македонски пензионери ќе добијат повисоки пензии почнувајќи од оваа година.
Ваквото изборно ветување кое доби своја конечна форма ќе биде разгледано на првата седница на Владата, која ќе се одржи на 28.6.2024 година во петок.
Новата Влада останува посветена на исполнувањето на своите ветувања и продолжува да работи со посветеност за добробит на сите граѓани.
Македонија
Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово
Според информации од УХМР, подрачјето на Тетово е зафатено од интензивен пороен дожд и грмежи.
Правецот на движење на нестабилната маса е кон исток и североисток.
Поголема нестабилност, како што информира ЦУК, има во источниот дел на Пелагонија и делови од Мариово.
Од УХМР известуваат дека нестабилната облачна маса од која во западните и северните делови од Скопската Котлина имаше појава на невреме, се преместува во правец кон Куманово каде исто така се очекуваат процеси во форма на невреме.