Контакт

Македонија

Во прекин сообраќајот на патот Струмица – Ново Село

Објавено пред

Од 13:15 часот регионалниот пат Струмица – ГП Ново Село е затворен за сообраќај поради случена сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Македонија

Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води обвинителството, не владата

Објавено пред

Од

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека обвинителството ја води истрагата за несреќата во Кочани, а не владата и токму обвинителството кажува кој ќе биде опфатен и посочи дека во моментов 68 лица се опфатени меѓу кои има актуелни функционери, што во време на СДСМ беше невозможна мисија.

dobivaj vesti na viber

„Не мислев дека можете толку ниско да се спуштите и сѐ уште да се обидувате да се качите на бранот на колективната трагедија која ја зафати државата. Барем пратеничката група на СДСМ има најмалку право да зборува за морал. Што се однесува за оставките за 5 месеци од денеска ќе започне кампања за локални избори и граѓаните ќе кажат чија политичка кариера завршува, чија продолжува и во каква форма. Граѓаните ќе кажат. Тоа што играте на картата на кратко помнење и континуирано ги навредивте граѓаните мислејќи ќе добиете политички поени, ве советувам, не, нема да добиете, туку губите“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Митко Трајчулевски.

Премиерот Мицкоски му појасни на пратеникот дека истрага води обвинителство и обвинителството кажува кој треба да биде приведен, а не владата.

„Нека ви кажат сопартијците за модуларната болница, за Ласкарци и за Беса Транс колку беа опфатени со истрага и колку кривични пријави беа поднесени во тој момент. Ако не ви кажат, набргу од денеска ќе има расправа во Собранието и ќе слушнете од другите колеги пратеници и зошто, кој и како. Истрагата за Кочани ја води јавниот обвинител, не јас, не владата. Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат. Седум години не затворавте, не приведувавте и до ден денеска ВМРО-ДПМНЕ е под прогон на обвинители од времето кога СДСМ ги бираше. Издржавме и затвор е за мажи, а во нашиот случај и за жени. 68 лица досега се опфатени во истрагата од страна на јавниот обвинител, обвинителството и сите кои се задолжени за ова. За разлика од модуларната болница, Ласкарци, Беса Транс каде починаа 75 наши сограѓани имаше нула. Овде има 68 лица, дали ќе бидат 168 ќе каже обвинителството, не јас, не министерот за внатрешни работи, туку обвинителството заедно со судот одредуваат“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Тој додаде дека да нема дилема ако обвинителот рече дека треба да се приведат високи функционери од оваа влада, ќе се случи тоа.

„Еден член на владата е во притвор. Во ваше време тоа беше невозможна мисија. Повикани на информативен разговор високи функционери од страна на обвинителството, не од моја страна, не од страна на министерот за внатрешни работи. Истите обвинители и судии кои вие ги биравте, вашиот Совет за јавни обвинители и Судски совет кои вие ги биравте, не ВМРО-ДПМНЕ и треба работите правилно да се кажуваат, македонската јавност треба да ја знае вистината. Актуелен градоначалник е притворен, во време на СДСМ тоа беше невозможна мисија“, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека нема да се заборават случаите како модуларната болница, Беса Транс и Ласкарци и дека нема да помогне ниту шверцерски поминатиот Кривичен законик со европско знаме.

Прикажи повеќе...

Македонија

Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

Објавено пред

Од

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира крводарителска акција на 30 април со која ќе го одбележи 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите. Акцијата ќе се одвива координирано на неколку локации во земјава.

dobivaj vesti na viber

„На 30 април 2025 во терминот од 08:00 до 14:00 часот драгоцената течност која спасува животи ќе може да се дарува во Скопје во просториите на Дневен центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје (ДХО „Даре Џамбаз“). Во исто време во просториите на службите за трансфузиона медицина во Клиничкиот центар Битола, во Општата болница во Струмица, ЈЗУ Општа болница Прилеп и во Клиничкиот центар во Штип крв ќе може да се дарува од 09:00 до 14:00 часот“, велат од ССНМ.

Крводарителската акција, која Синдикатот ја организира трета година по ред, се одржува во соработка со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и со поддршка на Црвен крст на град Скопје. Со цел ефикасно организирање на оваа солидарна акција пријавувањето е на електронската пошта на ССНМ – [email protected].

Прикажи повеќе...

Македонија

Викендов облачно време со дожд

Објавено пред

Од

Утре и во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, информира УХРМ.

dobivaj vesti na viber

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

В понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води обвинителството, не владата

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека обвинителството ја води истрагата за несреќата во Кочани,...

Македонија52 минути

Таравари го поддржа апсењето лекари: Директорот на Геријатрија првин го разрешив, а потоа го исклучив од партијата, сите што грешат нека одговараат

Сите што грешеле, вклучително и лекарите, треба да одговараат, смета министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашната полициска акција, која...

Македонија2 часа

Речиси третина од фирмите, чии лиценци ќе се одземаат, имаат блокирана сметка или се неактивни, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за фирмите кои се на списокот што го објави Министерството за транспорт и...

Македонија2 часа

Владата ја прави премиерот, ако тој смета дека Алијансата за Албанците не му треба, ние немаме никаков проблем, вели Таравари

Министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, не сака да избрзува со носење какви било политички...

Македонија3 часа

Еден загинат по удар на гром во Прилепско

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава...

Македонија4 часа

ДУИ: Она што порано доаѓаше однадвор, денес се спроведува однатре со Албанци што молчат или соработуваат на штета на колективните права на сопствениот народ

„Претставниците на коалицијата ЛЕН, кои со само 9 пратеници (1.3% ) тврдат дека ги претставуваат над 29% од Албанците во...

Свет4 часа

(Видео) Трамп до американски ветеран без нозе: Значи, те погодија, прекрасно

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Овалната соба се сретна со група ранети американски ветерани, каде потпиша голем број нови...

Регион5 часа

Вучиќ оди во Русија на прославата на Денот на победата, ќе се сретне со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека на 9 мај ќе отпатува за Москва, каде ќе присуствува на парадата за Денот...

Европа5 часа

(Видео) Експлозии во Киев и Харков, дел од населението заробено под урнатините

Украинската воздушна одбрана дејствуваше рано утринава во украинскиот главен град Киев против комбиниран руски напад со беспилотни летала и ракети....

Свет6 часа

Шефот на дипломатијата на Трамп го предупреди Иран да не збогатува ураниум

Иран, според каков било договор со САД, ќе мора да престане со збогатување ураниум и би можел да го увезува...

Македонија6 часа

Привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово

Од денес (24.04.2025) ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово,...

Свет6 часа

Трамп вели дека би можел да се сретне со Путин следниот месец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Русија е подготвена да стави крај на војната, додавајќи: „Мораме да се...

Македонија19 часа

Пресудата е политички мотивирана, рече Јакимовски кој е осуден на три и пол години затвор

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е изненаден од пресудата со која е осуден на затворска казна од три и...

Македонија21 час

Работниците што не добиле покачување на платата за март од 4.000 денари може да тужат, ССМ обезбедува и бесплатна правна помош

Тужби до работодавците може да поднесат сите работници кои со мартовската плата не добиле покачување од 12,6 % колку што...

Македонија23 часа

Не е време за пиво и скара, туку за протест за 500 евра минимална плата и 100 евра зголемување на другите плати, повика ССМ

Овој Први мај, место марш, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест оти платите се мизерни, најниски во регионот,...

Македонија1 ден

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство хоспитализирани уште 38

Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од...

Македонија1 ден

Таравари не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од Владата, вели Меџити

Министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити очекува министерот за здравство Арбен Таравари и лидер на Алијансата за Албанците,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Реформите во правосудниот сектор се најитни. Без нив, сите други реформи се безвредни, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, нема...

Македонија1 ден

Голема полициска акција на повеќе локации: сомнение за кривични дела на штета на Фондот за здравство

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации во државата. Како што извести...

Македонија1 ден

Скопјанец обвинет за демнење: ја следел својата поранешна сопруга, психички ја вознемирувал и ја застрашувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од...