Македонија
Во „Систина“ успешно направени првите кардиохируршки операции покриени од ФЗОМ кај деца помали од 1 година
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се извршени две кардиохируршки интервенции кај деца во Одделот за детска кардиохирургија, предводени од кардиохирургот за деца, Владимир Чадиковски. Двете операции се покриени од државниот Фонд за здравствено осигурување.
Двете деца што се оперирани се бебиња, на девет и 11 месеци. Кај нив биле дијагностицирани сериозни вродени кардиолошки аномалии, односно едното било со дијагноза вентрикуларен септален дефект и изразена пулмонална хипертензија, а другото е со суправалвуларна аортна стеноза. Операциите траеја од 4 до пет часа и десет дена по оперативниот зафат, децата се пуштени на домашно лекување.
Чадиковски вели дека децата се постоперативно добро и им посакува побргу да се вратат во нормална секојдневна динамика на животот. Операциите се изведени под надзор на професор Тајар Сариоглу од „Аџибадем“ од Истанбул, кој се смета за основополжник на детската кардиохирургија во Турција.
„Аџибадем Систина“ со овој тип интервенции кај деца, кои од неодамна се покриени и од државниот Фонд, докажува дека е од рангот на светските клинички болници во кои се изведуваат сериозни кардиохируршки интервенции кај деца.
„Детската кардиохирургијата е од огромно значење не само за ‘Аџибадем Систина’ туку и за државата. Добиваме поддршка од менаџментот на нашата болница и целта ни е заедно да направиме еден референтен центар на детска кардиохирургија“, вели Чадиковски.
Со развивање на детската кардиохирургија „Аџибадем Систина“ го подигнува нивото на третман на пациентите во оваа мултидисциплинарна гранка, која е една од најтешките за работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

