Македонија
Во собраниска процедура влегува предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за бесплатната правна помош
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за бесплатната правна помош влегува во собраниска процедура, информираат од Министерството за правда.
Со измените, како што појаснуваат, се врши негово усогласување со Законот за вештачењето.
Според ресорното министерство, корисниците на бесплатна правна помош ќе имаат пристап до услугите од вешто лице.
„Со членот 1 од предлог-законот се менува член 13 став 6 од Законот за бесплатната правна помош на начин што се определува дека наместо Бирото за судски вештачења, вештачењата за потребите на корисниците на секундарната правна помош ќе ги вршат физички лица запишани во регистарот за вештаци или правни лица запишани во регистарот на правни лица што вршат вештачење. Употребата формулација е во согласност со Законот за вештачењето и таа, меѓу другото, ги вклучува и високообразовните, научните и стручните установи, како и органите на државна управа врз основа на овластувања утврдени со закон.
Со измените се уредуваат правата и обврски на учесниците во постапката за секундарна правна помош. Вештакот мора да биде од соодветната област, која е неопходна за решавање на правното прашање за кое е одобрена секундарната правна помош. Изборот на вештакот се врши во согласност со процесните закони. Се воспоставува обврска за соработка со корисникот, како и со назначениот адвокат. Дополнително, се воспоставува обврска вештачењето, независно од која област се врши, да биде исклучиво за потребите на правното прашање за кое е одобрена секундарна правна помош. За прашањата поврзани со одговорноста, откажувањето, одбивањето да се вештаци се применуваат релевантните закони, како и актите на Комората на вештаците.
Во законот се уредува постапката за исплата, со што како материјална одредба се применува член 29 став 5 од Законот за вештачењето, кој ги уредува висината на наградата и надоместокот на трошоците“, се наведува во соопштението од /Министерството.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за бесплатната правна помош ќе се носи по скратена постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

