Македонија
Во Специјалниот завод Демир Капија нема веќе деца до 18 години, распределени се во групни домови
Министерството за труд и социјална политика по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 декември, информира дека во Специјалниот завод „Демир Капија“ нема веќе деца до 18 години.
„Денеска, од Демир Капија заминува и последната група деца со попреченост кои ќе бидат сместени во мал групен дом во Скопје каде ќе добијат 24-часовна поддршка од лични асистенти со специјализирани индивидуализирани програми за работа и дефектолошки третмани. Близината на локалната заедница ќе им овозможи полесно и побрзо да се вклопат во општеството. Со овој процес сите деца до 18 години се извадени од Специјалниот завод ‘Демир Капија’, стои во соопштението на Министерството.
Претходно, од Специјалниот завод „Демир Капија“ беа извадени две групи деца. Едната е сместена во малиот групен дом во Тимјаник, а другата во Неготино.
Министерството за труд и социјална политика продолжува да работи на процесот на деинституционализација. Пред неполни три месеци целосно беше трансформиран и Домот „25 Мај“ и сите 25 деца сега живеат во 5 мали групни домови во Скопје и се вклучени во редовниот образовен процес.
До крајот на година целосно ќе се трансформира и домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Дел од децата ќе одат во згрижувачки семејства, а дел од нив во 4 мали групни домови во Скопје.
„Заложбите на МТСП и на Владата се до 2020 година ниту едно дете под 18 години да не остане во институциите и целосно да го промени начинот на којшто државата се грижи за децата и возрасните на коишто им е потребна долгорочна социјална грижа“, се појаснува во соопштението.
Процесот на деинституционализација МТСП го спроведува во партнерство со УНИЦЕФ, УНДП и Делегацијата на ЕУ во Македонија. Како што истакнуваат од министерството, наместо досегашните безлични и гломазни установи за колективна грижа, со овој процес се воспоставува систем на социјални услуги во заедницата кои нудат услуги и поддршка по мерка на поединецот, со што се јакнат лицата да го поттикнуваат своето активно учество во средината кадешто живеат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

