Македонија
Во телефонот на Јанева пронајдени фотографии со мебелот, САД помогнале да се отклучи „ајфонот”

Во телефонот на ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева се пронајдени дел од фотографиите кои претходно биле извадени од телефонот на обвинетиот Бојан Јовановски со вештачење направено од МВР.
Една од тие фотографии е и онаа каде Јанева е фотографирана со мебелот кој при нејзиното апсење беше одземен од страна на Обвинителството за гонење на организиран криминал.
Ова го соопшти обвинителката Ивана Трајчева во случајот “Рекет”.
За отклучување на телефонот на обвинетата Катица Јанева марка “Ајфон” кој беше пронајден кај девојката на нејзиниот син Лазар Јанев, обвинителката Вилма Русковска барала меѓународна правна помош од Министерството за правда на САД.
Обвинителството за организиран криминал и корупција барало од СЈО и лозинки од инкрептирани содржини на УСБ стикови, кои беа одземени при претресот во канцеларијата на ексспецијалната обвинителка, Катица Јанева.
Судијката даде пауза од половина час, по што ќе продолжи изведувањето на докази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) „Тошковски горд покрај командирот што пукаше и беше суспендиран, Ковачки се јави ли“, прашува СДСМ

„Командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со калшников и беше суспендиран и со кривична пријава, Тошковски го врати повторно да биде командир во Ропотово. Прашањето е зошто“, велат од СДСМ.
„Денеска го гледаме командирот што пукаше како гордо позира токму со неговиот пулен, Панче Тошковски.
Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој секој ден држеше прес конфереции се јави ли?
Зошто го нема да одржи некоја прес конференција, да го повика на одговорност Панче Тошковски?
Или и тој како Мицкоски се прави на Тошо?“, прашува СДСМ.
Македонија
(Видео) СДСМ: Орце застана зад криминалните дивоградби во Чаир

„Додека Скопје се гуши во урбанистички хаос, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, отворено застана зад криминалните дивоградби во Чаир. Наместо да побара одговорност и да понуди решение, го гледаме Орце како гордо позира со своите коалициски партнери од ВЛЕН, со истите кои го создадоа урбанистичко дивеење во Чаир“, рече Јовица Јанковиќ, СДСМ.
„Ова е јасна политичка порака на коалициските браќа од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН дека власта нема да преземе ништо туку ќе ги штити дивоградбите во Чаир за никој да не одговара.
Над 150 незаконски дивоградби, криминал тежок над 220 милиони евра, узурпиран простор, загрозена безбедност и тотален хаос а власта не мрда со прст.
Скопските маала се претворија во бетонски џунгли. Нема место за паркирање. Децата немаат каде да играат. Граѓаните се измамени, купуваат сомнителни станови без соодветни документи, без правна сигурност.
Иста е сликата и за Кисела Вода под водство на Орце Ѓорѓиевски. Сомнителни тендерски мрежи, зеленило што исчезнува, урбанистички планови кои ги туркаат интересите на бизнис елитите.
Орце не е кандидат за доброто на граѓаните на Скопје, туку извршител на бизнис интерсите на ВМРО-ДПМНЕ.
Орце е кандидат на структурата која го создаде урбанистичкиот хаос, и во Чаир, и во Кисела Вода и во Скопје.
Затоа Орце е дел од проблемот а не дел од решението. Со Орце ништо не се менува. Глас за Орце е глас за да продолжи урбаното дивеење.
Скопје не може да издржи уште еден градоначалник кој ќе мисли само на профитот на бизнис елитата на власт, на штета на граѓаните. Овој модел, кој го креираше ВМРО-ДПМНЕ мора да биде поразен на локалните избори.
Скопје е град во кој граѓаните треба да живеат а не партиска територија за богатење на поединци во власта.
Скопјани тоа не го заслужуваат. Време е за промени во Скопје, за почитување на законите и конечно да се стави крај на урбаната мафија и чиста животна средина“, изјави Јовица Јанковиќ, СДСМ.
Македонија
(Фото) Инвестиции во ООУ „Ристо Крле“ и за првпат продолжен престој за учениците од прво до трето одделение

Во насока на обезбедување поквалитетни услови за настава и успешен почеток на новата учебна година, во основното општинско училиште „Ристо Крле“ изминатиов период се реализираа низа активности за унапредување на воспитно-образовниот процес, извести општината Илинден.
Со почеток на новата учебна година, освен во ООУ „Гоце Делчев“, продолжен престој за учениците од прво до трето одделение за првпат се воведува и во ООУ „Ристо Крле“ во Кадино. Во таа насока, целосно се реновирани санитарните јазли и тоалетите наменети за учениците во продолжен престој. Исто така, уредена е и посебна просторија за чување на оброци.
Во рамки на подготовките за новата учебна година, комплетно се уредени три кабинети за предметна настава по математика, англиски јазик и музичко образование. Кабинетите се опремени со нов училишен мебел, нагледни и дидактички средства, музички инструменти, како и три современи смарт табли. Дополнително, со поставување на вариолајт завеси, создадени се оптимални услови за реализација на наставата според современи стандарди, велат од општината Илинден.
Во подрачното училиште во н.м. Мралино, монтирана е нова комбинирана печка на пелети и цврсто гориво, со што значително се подобрува енергетската ефикасност и условите за престој во зимскиот период.
Во подрачното училиште во н.м. Бунарџик, се започна со адаптација на просторија за настава по физичко и здравствено образование, со подна татам подлога и нагледни средства.
Увид во спроведените активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со директорот на училиштето, Јовче Петковски, при што градоначалникот изрази задоволство од досегашните вложувања и истакна дека Општината ќе продолжи со интензивна поддршка на образовните институции, со цел создавање современи и квалитетни услови за едукација.
Сите овие активности се дел од континуираните заложби на училиштето и локалната самоуправа за подобрување на квалитетот на наставата и создавање стимулативна средина за учениците и наставниот кадар, се додава во соопштението од општината Илинден.