Македонија
Во Тетово и Гостивар затворени девет угостителски објекти, кои не ги почитувале мерките
Шесте инспекторати за четири дена извршиле над 2.200 инспекциски надзори.
На терен најмногу постапувале инспекторите од Пазарниот инспекторат, кои проверувале дали има ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на маркетите, банките, поштите, угостителските објекти.
Магдалена Филиповска-Грашкоска, претседателка на Инспекцискиот совет, соопшти дека од 22 до 26 април инспекторите запечатиле 18 кафемати, затвориле девет угостителски објекти и забележале непочитување на уредбата за носење маски во осум објекти.
„Државниот пазарен инспекторат постапуваше по утврдени неправилности и притоа затвори девет угостителски објекти во Тетово и Гостивар. Во Скопје и Тетово запечати 18 кафемати. При контролите во Охрид забележано е непочитување на уредбата за носење маски во осум објекти и по тоа веднаш е постапено. Издадена е и наредба за повлекување дезинфекциски средства во еден објект и постапено е по пријави за променети цени во четири трговски објекти во малопродажба“, соопшти Филиповска-Грашкоска.
Според неа, во истиот период изречена е една глоба за немање услови за одржување хигиена при манипулација со храна, а изречени се мерки и за лоша хигиенска состојба.
„Од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведени се 201 инспекциски надзор во повеќе градови во месарници, угостителски објекти, маркети, производствени објекти и зелени пазари. Издаден е еден прекршочен платен налог поради немање услови за одржување хигиена при манипулација со храна. Изречени се пет казнени мерки за неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и издадени се осум решенија за констатирана општа хигиенска состојба или неводење записи за добра хигиенска пракса“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците, бара СДСМ
„Не може да има пари за криминални тендери, а да нема за работниците. Наместо изговори за да не ги покачи платите, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за зголемување на минималната плата за 600 евра“, велат од СДСМ.
„Македонија денес има најниска минимална плата во регионот и во Европа. Последиците веќе се гледаат. Квалификувани работници од Македонија на големо заминуваат во странство, младите се иселуваат, а кај нас се увезуваат „економски работници“.
За време на владеењето СДСМ парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.
Имајќи ја предвид сè потешката економска положба на работниците и барањата на Сојузот на синдикатите, СДСМ подготви нови законски решенија за: зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на платите на функционерите.
Еве законско решение на маса, сега ќе се види кои партии ќе бидат на страната на работниците, а кои ќе останат на страна на тендерите“, соопшти СДСМ.
Македонија
ЛДП: Европските либерали ја поддржуваат Македонија, ја поддржуваат демократијата и ја поддржуваат Либерално-демократската партија
Групата на либерали и демократи од Европа (АЛДЕ) во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур јасно и недвосмислено говореа и ја поддржаа одлуката за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија, оценувајќи дека земјата направила значителен демократски и институционален напредок, извести ЛДП.
„Ја поздравуваме одлуката за затворање на пост-мониторингот за Северна Македонија, тоа е резултат на долгорочни реформи и јасна европска ориентација, при што либералната политика и ЛДП имаат значајна улога во тој процес”, истакнаа од АЛДЕ.
„Оваа одлука претставува силно европско признание за патот по кој треба да се движи државата и јасен сигнал дека проевропските и либерални политики се исправниот избор за иднината на Северна Македонија.
Во своето обраќање, европските либерали нагласија дека Северна Македонија денес функционира како демократија во која, во најголем дел, се почитуваат основните човекови права и слободи, а соработката со Советот на Европа е стабилна и конструктивна.
Пратениците од АЛДЕ посебно истакнаа дека затворањето на пост-мониторингот не значи затворање на надзорот, туку почеток на нова фаза на демократска зрелост, отчетност и одговорност, во која владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата остануваат клучни приоритети.
Во овој контекст, европските либерали уште еднаш ја потврдија својата долгогодишна и принципиелна поддршка за Либерално-демократската партија (ЛДП) и за либералните вредности во Северна Македонија, кои континуирано претставуваат двигател на европските реформи, заштитата на човековите права и развојот на отворено и демократско општество.
Либералите во Европа потенцираа дека ЛДП останува нивен кредибилен партнер во Македонија и важен носител на либералната визија за слободно општество, силни институции, еднаквост и почитување на човечкото достоинство.
Посебно внимание беше посветено на заштитата на правата на малцинствата, вклучително и правата на маргинализираните групи, како и на обврската за целосна примена на пресудите на Европскиот суд за човекови права, при што беше нагласено дека овие прашања се суштински дел од европската интеграција“, се наведува во соопштението на ЛДП.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

