Македонија
В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк
В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што информира Министерството за надворешни работи, министерот Никола Димитров на 24 и 25 мај (четврток и петок) во Њујорк ќе се сретне со грчкиот колега Никос Коѕијас, во присуство на личниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц.
Во саботата се одржа лидерска средба во Скопје, на која премиерот Зоран Заев информираше дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки колега Алексис Ципрас е Република Илинденска Македонија. Тој истакна дека името на англиски јазик би се изговарало како Republic of Ilinden Macedonia, а на албански Republika Ilinditase e Maqedonisë.
„Со ова можно решение го чуваме достоинството, го потврдуваме и го зајакнуваме нашиот македонски идентитет. Илинден е гаранција и за мултиетничка Македонија. Илинденската Македонија е држава и општество за чија благососотојба и развој подеднакво се ангажирани и Македонците и Албанците и Турците и Србите и Власите и Ромите и Бошњаците, и сите други што се бореле и избориле за слободна и независна Македонија“, истакна Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

