Македонија
Во 40 училишта подобрени санитетско-хигиенските услови и пристапноста за учениците со попреченост, соопшти МОН
Завршија градежните активности во 40 училишта, каде што во текот на летниот период се работеше на подобрување на санитетско-хигиенските услови и на пристапноста за учениците и лицата со попреченост. Во повеќето од објектите што беа опфатени се изградија пристапни рампи и се адаптираа тоалети за ученици со посебни потреби. Некаде, пак, се реконструираа постојните тоалети, подовите и воопшто внатрешноста на објектите, вклучително и училниците, соопшти МОН.
Овие училишта, според најавеното, се дел од поширок план за унапредување на условите за следење на наставата и за подобрување на пристапноста во вкупно 118 училишни објекти за што обезбеден е буџет во рамките на проектот за унапредување на основното образование, кој се финансира со средства од Светската банка.
„Активностите до целосна реализација на инвестицискиот план ќе продолжат и следната календарска година, со рамномерен опфат на училишта од сите општини во државата.
Подобрувањето на инфраструктурните услови, заедно со замената на наставните програми и набавката на нови учебници, како и подигнувањето на мотивацијата на наставниците за работа преку повисоки лични примања и можности за професионален и кариерен развој се дел од поголема стратегија на МОН за унапредување на квалитетот на основното и средното образование, усвоена преку широка јавна дебата и со согласност од сите засегнати фактори“, се истакнува во информацијата од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

