Македонија
(Видео) Вработените во МИА на протест против игнорантскиот однос на Владата: бараат покачување на платите
Вработените во Македонската информативна агенција (МИА) излегоа на протест со барање за зголемување на платите.
„Првпат по 25 години, вработените во МИА се принудени преку протест да бараат остварување на своите права. Денешниот протест е поради игнорантскиот однос на Владата кон барањата за зголемување на платите во согласност со колективниот договор и усогласување на трошоците за живот“, истакна Марина Илиевска, вработена во МИА.
Таа појасни дека вработените во оваа новинска агенција еден месец чекаат барањето за зголемување на платите да биде ставено на седница на Владата и оти тоа е предвидено со финансискиот план за 2023 година. Тоа, според Илиевска, нема да доведе до дополнително оптоварување на државниот буџет.
Основен предуслов, како што рече Илиевска, за слободно и професионално новинарство е стабилната социо-економска состојба на новинарите и медиумските работници. Поради потпросечните плати на вработените, како што нагласи, МИА се соочува со одлив на кадар.
Таа нагласи дека протестот на вработените ќе продолжи сѐ до исполнување на нивните барања, а ако не наиде на дослух кај Владата, тој ќе се радикализира.
Протестот се организира и со поддршка на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и Синдикатот на медиумските информативни агенции (СМИА).
Претседателот на синдикатот, Павле Беловски, истакна дека тие му даваат целосна поддршка на протестот.
„МИА е во вазална состојба секогаш кон Владата. Нема да застанеме тука, ќе најдеме трајно решение за МИА. Проблемот тлее 25 години“, нагласи Беловски. Додаде дека Синдикатот веќе има решение за проблемот, а тоа, како што појасни, е преку носење закон, со кој ќе се раскине врската МИА – Влада – медиуми.
Според најавите, предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови, а во случај тие да не резултираат со разбирање и прифаќање на барањата на вработените, се најавуваат порадикални чекори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

