Македонија
Вработените во Управата за јавни приходи на протест: состојбата со платите е повеќе од поразителна и разочарувачка
Вработените во Управата за јавни приходи со најава за протест на кој, како што велат, ќе го изразат своето незадоволство кон министерот за финансии, Фатмир Бесими, поради недавањето согласност од негова страна за потпишување на новиот колективен договор на Управата за јавни приходи.
Протестот ќе се одржи со почеток во 11 часот пред зградата на Министерството за финансии.
„Во содржината на посочениот договор е утврдено зголемување на платите на вработените во Управата за јавни приходи, што е легитимно и основано во согласност со одредбите на член 66 од Законот за буџетите. Во исто време таквата примена на посочениот член ја потврди и Собранието на Република Северна Македонија со давање свое автентично толкување. Претходно, работни групи делегирани од работодавецот и репрезентативната синдикалната организација ‘Солидарност’ изготвија и заеднички ја прифатија содржината на новиот колективен договор на ниво на работодавец“, се вели во пишаната информација.
Во согласност со одредбите на правилникот за доставување и регистрирање на колективните договори, појаснуваат од таму, прво, договорената страна – работодавецот со писмен допис го достави договорот до Министерството за финансии за добивање согласност за негово потпишување.
Додаваат дека од страна на претставници на Министерството за финансии се дадени определени забелешки за наводни финансиски импликации по буџетот на Република Северна Македонија.
„И покрај фактот што сметаме дека тоа не е така, дадовме согласност оспорените одредби од нивна страна да се избришат од содржината на договорот, со што се откажавме од определени права, кои претходно сме ги договориле со работодавецот. На завршните активности, покрај други учесници, свое учество зедоа и директорот на Управата за јавни приходи и министерот за финансии, при што се изготви содржина на колективниот договор прифатлива за сите. Бидејќи до ден-денес од неразбирливи причини согласноста за потпишување на договорот сè уште не е добиена, а вработените во Управата не може да го остварат своето право на повисоки плати, решија да го одржат денешниот протест“, се истакнува во соопштението.
Кога сме кај платите на вработените во Управата за јавни приходи, дополнуваат вработените во оваа институција, состојбата е повеќе од поразителна и разочарувачка.
„За 14 години, платите се коригирани само 5 %, а во последните 4 години ниту еден денар. Никој не сака да го цени фактот дека станува збор за вработени во државната управа, кои се единствени во децениските активности на хуманитарни и донаторски акции, со што ја искажуваат својата општествената одговорност. Никој не може да го негира фактот дека токму тие се единствените што од сопствените плати издвоија милионски износи, кои беа уплатени во фондот за справување со ковид-пандемијата кога целото општество беше во шок.
Имајќи ја предвид решеноста на вработените во Управата да ги искористат сите механизми за да го остварат ова свое основано право, ја искажуваме нашата загриженост поради можноста да настанат непосакувани состојби, предусловени од неисполнување работни задачи и обврски на вработените при евентуално одржување генерален штрак, на што се инсистира од нивна страна.
Што би значело тоа за целото општество сите треба да бидеме свесни.
Во исто време имаме заедничка обврска секој одделно и сите заедно со изнаоѓање решение,+ а тоа е давање согласност за потпишување на веќе прифатениот колективен договор тоа да го спречиме“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Сега кога не се купува нов авион има пари за минимална плата од 600 евра“, велат од СДСМ
„Законот за минимална плата поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата е на дневен ред во Собранието. Овој закон е реален и конкретен одговор на барањата на синдикатите и на работниците – 600 евра минимална плата за достоинствен живот. Сега кога не се купува нов авион има пари за минимална плата од 600 евра“, велат од СДСМ.
„Дополнително, пратеничката група на СДСМ веќе предложи конкретни буџетски ставки од кои може да се обезбедат средства за зголемување на минималната плата.
Тоа значи – пари има, потребна е само политичка волја.
Нема повеќе оправдување дека нема пари.
Сите пратеници да дадат поддршка на Законот и да гласаат за 600 евра минимална плата.
Без изговори. Без калкулации.
Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат плати какви што заслужуваат“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
Утрово најстудено во Берово и Крива Паланка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец и Демир Капија, -3 во Гевгелија, Прилеп и Тетово, -2 во Охрид, Виница и Крушево.
Времето денеска
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено на планините каде што ќе се зголеми снежната покривка.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Македонија
„Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!“, прашува СДСМ
„Мицкоски вчера јавно изјави дека кога лета со владиниот авион, наводно се плаши за својот живот и дека „се моли на Бога да останат живи“ кога лета. Ако тоа е вистина, тогаш се поставува суштинско прашање: Како можел тогаш во таков авион да го стави своето семејство и да ги ризикува нивните животи заради приватен одмор?“, прашува СДСМ
„Освен што злоупотребил државни ресурси за приватни потреби, го ставил ли и семејството во ризик?
Ако навистина смета дека авионот е ризичен, тогаш постојат редовни комерцијални линии со економска класа. Не бизнис класа со карти од 4.000 евра, може да патува со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.
Наместо утре граѓаните да му бидат криви, бидејќи тие го плаќаат овој авион. Прво Мицкоски нѐ расплака со тажната приказна, сега нѐ загрижи. Се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!
Ако толку неодговорно се однесува кон сопственото семејство, како ли се однесува кога е во прашање државата?“, се додава во соопштението на СДСМ.

