Македонија
Вработените во јавниот сектор може анонимно да пријават притисоци за време на кампања
Јавниот сектор не смее да работи во служба на некој друг, заробената држава е минато, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Тој со алатка за анонимно пријавување притисоци за време на изборната кампања, го честиташе меѓународниот Ден на јавниот сектор.
Вработените во јавниот сектор преку алатката објавена на веб-страницата на Министерството имаат можност да пријават ако некој им врши притисок.
„Ако некој им врши притисок во работниот процес, вработените во јавниот сектор можат тоа да го пријават, а Министерството за информатичко општество ќе ги проследи сите пристигнати пријави. Јавниот сектор мора да работи без притисоци и беа да биде во служба на некој друг, заробената држава е минато“, рече министерот Манчевски.
Пријавите може да се поднесуваат анонимно, но доколку некој сака да ги остави и податоците, Манчевски вели дека тие ќе бидат заштитени.
За алатката за пријава на притисоци за време на кампања Министерството веќе имало координација до Државната комисија за спречување корупција, со Народниот правобранител, со Агенцијата за вработување и сите засегнати институции.
Манчевски објасни дека ова е нова алатка со посебна намена за време на изборната кампања, различна од досегашната алатка каде што администрацијата можела да пријави притисоци и каде што, со еден исклучок кога имале 10 пријави, бројот на пристигнати пријави бил едноцифрен и биле несоодветни оти се однесувале на приватниот сектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

