Македонија
Вработени во „Еуроникел“: Седми ден стоиме надвор на патот, веќе немаме здравствено осигурување
Синдикалната организација на „Еуроникел“ повторно упати отворено писмо до Фатмир Битиќи, Сања Лукаревска, Димитар Ковачевски и до Митко Јанчев.
„Седми ден како стоиме надвор на патот и бараме да ги исполните вашите законски обврски, да го вратите ДДВ-то за август, чие плаќање го доцните повеќе од еден месец, а сега веќе и септемвриското ДДВ стигна за враќање.
Денес е 1 декември, ние веќе немаме здраствено осигурување, наши колеги не може да си препишат редовна терапија, операции на наши деца не може да се извршат поради немање здраствено осигурување, наши колешки не може да го остварат правото на породилно отсуство.
Милостина не бараме! Бараме да се исплати ДДВ-то што ѝ се должи на фирмата и што сте должни по закон да го исплатите за да може вработените да земат плата и да добијат здраствено осигурување“, велат од Синдикалната организација.
„Покажете доблест и грижа за нас – вашите граѓани. Ние сме ваша одговорност како граѓани, не разбираме која е целта и намерата за намерно држење на средства кои за нас се единствен извор на егзистенција.
Со години го полневме државниот буџет, не заслужуваме ваков однос. Не бидете слепи, глуви и неми на нашите барања.
Денес, повторно ќе бидеме на патот Градско – Прилеп, но следната недела ќе дојдеме во Скопје пред Владата, можеби тогаш ќе го слушнете нашиот глас.
Ние нема да се откажеме, тоа се наши пари, наша егзистенција и нема да се откажеме од нашата фабрика. Работеше 40 години и натаму ќе работи! Нема да дозволиме да згасне како старо железо“, се наведува во писмото на Синдикалната организација на „Еуроникел индустри“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.