Македонија
Вработен во општина Охрид со лажни записници за штети им исплаќал пари на роднини
Општина Охрид, денес, официјално, по објавата дека има низа неправилности при исплатите на отштетите за земјотресите што го погодија Охрид во 2017 година, утврдила низа пропусти и злоупотреби на средствата што се делеле според роднински врски.
Претседателот на комисијата, Радован Вељаноски, кој заедно со комисијата составена од други четири члена, одлучувал за тоа кому ќе му се доделат средства, ја злоупотребил функцијата и со сомнителни записници од процената за штетите дозволил блиски членови на неговото семејство да бидат обесштетени иако тие не поднеле барања. Против Вељаноски е изречена дисциплинска мерка со кратење 30 отсто од неговата плата во наредните шест месеци.
В.д. градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, вели дека постојат и други сомнителни трансакции, меѓу кои и исплати на вработени во Општината, па затоа случајот со целата документација е предаден во СВР Охрид и ЈО.
„Макфакс“ објави дека Општина Охрид по земјотресите во 2017 година, одобрила исплаќање пари за отштета на четири лица, иако барања биле поднесени од двајца. Исплата му била направена и на вработениот во кабинетот на градоначалникот, Илија Пиперкоски, иако тој не е сопственик на имотот каде што имало штети од земјотресите. Во јавниот повик наведено е дека сопственикот на имотот треба да приложи трансакциска сметка заедно со имотен лист. Но, парите, наместо на сметка на мајката на Пиперкоски, која го поднела барањето и која е сопственик на имотот, легнале на негова сметка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

