Македонија
„Вреди“: Клопчето се одмотува – фамилијарните скандали први на тапет

Институциите покажуваат подготвеност да делуваат ефикасно и да испорачуваат правда, без разлика на етничка, верска или политичка припадност. Влен го поздравува предлогот на Министерството за финансии и одлуката на Владата за одземање на првите две лиценци за коцкарници кои не го почитувале законот, велат од Вреди.
„Истовремено, Барањето за автентично толкување кое го поднесовме во Собранието, како дел од Планот на Влен за справување со штетните последици од коцкањето, ќе овозможи затворање на интернет коцкарниците и ќе создаде правни предуслови за одговорност за сите поранешни функционери кои со неодговорни одлуки ја донесоа коцката во секој дом.
Новата Влада го започна процесот на обезбедување на владеење на правото, правната сигурност и еднаквост пред законите и тоа веќе никој не може да го сопре. Кривичните пријави против Дрин и Бесиан Ахмети е потврда дека повеќе нема недопирливи само затоа што се роднини на високи партиски функционери. Очекуваме правосудните органи да делуваат ослободени од политички влијанија, да ги ценат доказите во фер и транспарентна постапка што ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните дека правдата е достижна и за највисоките политички кругови“, се нагласува во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.
Македонија
Предложен притвор за кичевецот кој утрово со секира си го уби таткото и тешко ја повреди мајка си

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против кичевец осомничен за кривични дела убиство и обид за убиство.
„При вршење семејно насилство рано утрово, во дворот на семејната куќа во селото Србјани, осомничениот 47-годишник го лишил од живот својот татко, а се обидел да ја убие и својата мајка. При вербална расправија, со нож и секира најпрво го нападнал таткото, прободувајќи го по телото и удирајќи го со секирата по главата. Потоа и нанел убоди со нож во вратот и на неговата мајка. Од многубројните повреди оштетениот маж починал при укажување прва помош, а жената е пренесена на Ургентниот центар во Скопје во тешка состојба“, извести вечерва Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кичево вечерва достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Осомничениот беше уапсен откога самиот пријавил во Итната медицинска помош дека ги нападнал родителите.