Македонија
ВРЕДИ: Патериците на Али Ахмети испуштаат очајнички крици за да ги прикријат своите неуспеси
„Јасно е како ден дека сателитите на Али Ахмети, заслепени од жедта за власт, ја губат секоја честичка на политичко достоинство. Откако ги изневерија гласачите кои некогаш им веруваа со чисто срце, тие се претворија во патерици на ДУИ, надевајќи се на загарантирани позиции. Но, кога нивните интриги пропаднаа, овие разочарани почнаа да испуштаат очајнички крици, слични на вресоците на оние што се дават во тешката болест на политичка депресија“, велат од ВРЕДИ.
„Тие што некогаш беа гласот на надежта, денес се срамот на своите гласачи. Нивната стратегија е лоша копија на ДУИ: манипулации, дезинформации и клевети за да ги прикријат своите неуспеси. Зијадин Села, сега „тивок портпарол“ на Али Ахмети, ја следи темната пропаганда и заштитата на клановите. Неговите малкумина поддржувачи денес се соочуваат со прашањето како завршија бранејќи ги оние против кои некогаш се бореа.
Повеќе од 20 години, неговите ментори ги затвораа очите пред катастрофалната состојба во Кујната на Детската Клиника, ставајќи го во ризик здравјето на новите генерации. Благодарение на коалицијата ВРЕДИ и заложбата на директорот Реџеп Мемеди, по само 4 месеци напорна работа, овој проблем кој со децении беше занемаруван, конечно добива заслужено решение. За нас, здравјето на децата е над секој друг интерес. Времето на манипулациите на Али Ахмети и неговите сателити заврши! Граѓаните веќе се свесни за нивните игри и нема да дозволат повеќе да бидат манипулирани од тие што мислат само на себе и на своите кланови. Коалицијата ВРЕДИ е надежта и решението за Албанците!“, соопшти ВРЕДИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.

