Македонија
„Фронтот на Ахмети и Села е без компас“, велат од „Вреди“
„Сметавме дека 100 дена се доволно време Ахмети и Села да ја прифатат реалноста и да се свртат кон внатрешен кадровски и програмски ремонт пред воопшто да почнат да се обидуваат да ја бараат довербата кај Албанците. Меѓутоа, тие наивно потценувајќи ја интелигенцијата на народот, упорно сакаат демократската околност што не се дел и од оваа Влада да го претворат во причина за меѓуетнички тензии. Тоа што оваа подмолно сценарио не им поминува кај Албанците, кои јасно им ставаат до знаење дека нема да станат алатка за заштита на нивните поранешни корумпирани функционери, ги прави Ахмети и Села фрустрирани, збунети и без компас. Цело лето најавуваа есенски протести, па се префрлија на средби со нивното разочарано членство, пишуваат патетични писма и ги тераат пратениците да бидат подвижни паноа“, велат од ВРЕДИ.
„Коалицијата ВРЕДИ ја потсетува дезориентираната Албанска опозиција дека и должи на јавноста одговори на многу чувствителни прашања кои се останати во нивната меморија како заштитен знак на нивниот режим и потсетници за нивното сегашно лицемерие и дволичност. Зошто „западњаците“ од ДУИ му се поклонија на Лавров среде Скопје? Зошто додека беа власт му дадоа државјанство на Александар Онишченко, додека илјадници Албанци родени во Македонија ги оставија без државјанство“, прашуваат од ВРЕДИ.
„Зошто му дадоа бизниси во Тетово на Дака Давидовиќ, кој е на црна листа на САД?
Зошто Ахмети не пишуваше писма за одбрана на Албанците кога беше дел од Владата на Груевски и Мијалков? Зошто Ахмети одлучи да го спречи Арбен Таравари да влезе во вториот круг на претседателските избори и ги повика гласачите на бојкот на гласањето за Претседател на 8 мај? Зошто Ахмети лажно тврдеше дека е сигурен коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, затоа што наводно ја има поддршката на стратешките меѓународни партнери? Кој е креатор на срамната понуда на ДУИ, изречена во собраниската канцеларија број 161 за влез во Влада наместо ВРЕДИ, со четири министерства, без Претседател на Собрание и ветување за теренска поддршка за да се изберат Македонци за градоначалници во Струга и Кичево на локалните избори во 2025?
Зошто Ахмети преку своите инсталации во правосудниот систем се обидува да ја дестабилизира земјата преку одлуки за задржување на воинот на УЧК Блерим Рамадани во притвор, укинување на балансерот, Законот за бранители и проблематизирање на употребата на Албанскиот јазик?
Како и со чии милиони евра Дрин Ахмети стана сопственик на Соравија?
Колку тендери внуците на Ахмети имаат добиено благодарение на режимот на ДУИ? Каде се милионите од казино бизнисите на Артан и Прпарим?Колку народни пари се завршени во џебовите на функционери на ДУИ? Зошто Ахмети и Османи активно работат против полноправното членство во ЕУ со спречување да се случат уставни измени?
Се додека нема одговори на овие и многу други прашања, фронтот на Ахмети и Села нема што да бара од Албанците. Коалицијата ВРЕДИ е надежта на Албанците!“, се наведува во соопштението на ВРЕДИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

