Македонија
Привремен прекин во работењето на системот „Е-даноци“, соопшти УЈП

Управата за јавни приходи известува дека, поради извршување неопходни интервенции на системот „Е-даноци“, денес (среда), од 16.30 часот тој ќе биде недостапен.
Во овој период даночните обврзници нема да може да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот „Е-даноци“.
Во периодот додека трае интервенцијата другите системи на УЈП ќе бидат во функција и даночните обврзници непречено ќе може да поднесуваат пресметки за исплата на личен доход во е-ППД, вклучително и пресметки за плата (МПИН).
Се предвидува интервенцијата да трае неколку часа, а по завршувањето на активностите, системот „Е-даноци“ повторно ќе биде ставен во функција.
Апелираат до сите корисници на овој систем да ги завршат своите итни и неодложни обврски пред почнувањето на интервенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Нема да дозволам да бидам месо за јавен линч”, Јон Фрчкоски се повлече од позицијата директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ

Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата во партијата, по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека бил виден како користи кокаин и го повикаа да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци.
„Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста за катастрофалниот начин на којшто се води истргата за трагедијата во Кочани во која згаснаа животите на 59 луѓе. Тоа зборува за ДПМНЕ но јас нема да дозволам да бидам месо за јавен линч. За грешките од минатото и слабостите во младоста не се гордеам, но нема да бидат товар за СДСМ, партијата којашто ги разоткрива сите криминали на ДПМНЕ“, напипа Фрчковски.
Македонија
Останав без колегите оти сите се заплашени со бркање од работа ако излезат и ѝ дадат поддршка на колешката повредена со два куршума, вели Деаноски од УПОЗ

Претседателот на Синдикатот на вработените во органите на државната управа, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), Трпе Деаноски, денеска сам излезе пред Центарот за социјална работа – Скопје за да побара обезбедување на безбедноста на вработените во социјалните центри откога во Прилеп, колешка, на работното место, беше погодена со два куршума. Деаноски обвини дека по наредба на Министерството за социјална политика директорите и раководителите на скопските центри ги заплашиле вработените.
„Денеска беше замислено заедно со мене да има голем број вработени во Центарот за социјални работи, кои само сакаа да ѝ дадат поддршка на својата колешка и да побараат од работодавците побргу да има мерки за заштита на работното место на вработените. За жал, од вчеравечер, по наредба од Министерството за социјална политика и раководителите и директорите од скопските центри за социјална работа, останав без колегите бидејќи сите се заплашени. Им се закануваат дека ако излезат надвор и ѝ дадат поддршка на колешката и побараат какво било друго право, ќе бидат избркани од работа или ќе бидат распоредувани на други места“, рече Деаноски.
Бидејќи избрале да комуницираат со Синдикатот на УПОЗ преку медиумите, Деаноски ги охрабри и им порача дека за правата на работниците не треба да се молчи, туку треба да се борат и оти никој не може да ги избрка од работа ако сакаат да ѝ дадат поддршка на колешката.
Деаноски рече дека барањата на вработените во центрите за социјална работа се стари, од 2023 година, кога почнаа да се организираат во Синдикатот на УПОЗ, а се однесуваат на мерки за поголема безбедност на работните места.
„Треба да се знае дека центрите за социјална работа се специфична група на вработени. Секогаш работат со најмаргинализираната група на граѓани во нашето општество и секогаш се изложени на голем ризик во работата. Напаѓани се вербално, напаѓани се физички, а она што се случи пред некој ден во Прилеп беше кулминација на сите напади досега. Верувам дека и работодавците не сакаат тоа да се случи“, вели Деаноски.
По денешната осуда на нападот на вработената во Прилеп и најавите дека ќе преземат мерки за зголемување на безбедноста на работните места во центрите за социјална работа од Министерството за социјална политика, Деаноски изрази надеж дека мерките нема да се задоцнети. Тој потсети дека вработените во центрите работат во никакви услови, не добиваат надоместок за дежурство, не добиваат надоместок за приправност, влегуваат сами без полиција во случаи во кои има убиства, без никаква заштита, а за тоа немаат ниту бенефициран стаж. Овие проблеми Деаноски побара итно да бидат решени за да се избегнат исти или слични ситуации.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто СДС молчи за фотографиите на кои се гледа дека Фрчкоски се дрогира?

„Жално е што напорот за докажување на правдата за СДС е политички процес и на тоа гледаат низ партиска призма. Уште пожално е што правдата не е циркус, туку процес“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Притвор се одредува со докази и правни основи, а не со притисоци од партиски штабови. А, кога сме кај тезата на СДС дека селективна била акцијата за виновниците за трагедијата во Кочани, во притвор има двајца градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, има функционери и поддржувачи на СДС и ДУИ, но и луѓе кои не се членови на партии. Ова е битка за промена на системот, а не за заштита на системот“, посочуваат од партијата и додаваат:
„А, кога сме кај тезата селективна правда не е правда, СДС зошто молчи за синчето на Фрчкоски? Дали Јон Фрчкоски се дрогира во просториите на СДС или во просториите на Јавното претпријатие за стопанисување на станбен и деловен простор, каде Јон беше помошник директор? Дали Јон Фрчкоски е подготвен да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци? Кој е ставот на Венко Филипче кој го поставил Јон на ваква позиција?“