Македонија
Времен прекин на сообраќајот на правецот Мелнички Мост-Дебар

На патниот правец Р1202 Мелнички Мост – Дебар поради изведување градежни работи на пат, асфалтирање, во четврток и петок сообраќајот ке биде во прекин од 13 до 16 часот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково. крај/амсм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.