Македонија
Времето денеска посвежо – облачно и со врнежи од дожд
Времето денеска во земјава ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни (над 40 l/m2), информираат од УХМР. Оттаму велат дека врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Времето во Скопје исто така ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а потоа до средината на следната седмица ќе настапи стабилизирање на времето.
Синоптичарите најавуваат дека во следните часови не очекуваат пообилни врнежи од дожд и тоа прво на западот, а потоа и на целата територија на државата. На одредени места се очекува врнежите да бидат и над 40 милиметри, известуваат од УХМР.
Оттаму предупредуваат дека, доколку овие врнежи се со голем интензитет и за кратко време паднат на одредени помали сливни површини, во текот на ноќта и утрото можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како покрај водотекот така и на патната инфраструктура која е во негова близина. На одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. Во одредени градски населби поради истечни и канализациски води можна е појава на локални комунални проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Топло со умерена облачност, температурата до 25 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степен.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има се до средината на следната недела.
Скопје
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас…“, извести МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.