Македонија
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со температури до 36 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Во наредните денови ќе се задржи сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Од почетокот на следната работна седмица ќе има повремено засилен ветер, а дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени и во средината на неделата наместа во југоисточните делови ќе достигнува 40 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали
Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
„Албанија напредува кон Европската унија а Македонија останува последна на Балканот само заради неразумното, штетно и недржавничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ прво како опозиција а потоа и како власт. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најдиректно одговорни за тоа што веќе немаме европска перпспектива. Сега, после државниот дебакл што и го приредија на земјата, по раздвојувањето на Албанија од Македонија ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги прави граѓаните будали. После сите блокади, после сите опструкции, деструкции, кочења, после сите можни изјави на Мицкоски од типот „не благодарам“ во ЕУ денеска ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ. Мицкоски и неговите соработници ги третираат граѓаните како ништо да не знаат, како да не се свесни за блокадата на европскиот пат што ВМРО-ДПМНЕ ја прави. Но, народот гледа и знае“, пишува во соопштението на СДСМ.
Од партијата додаваат: „ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри. СДСМ ги реши отворените спорови, обезбеди членство во НАТО и ја донесе Македонија пред прагот на ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ цело време ги блокираше сите овие процеси попречувајќи ја европската интеграција на земјата. Последниот чекор којшто требаше да се охрабри да го направи ВМРО-ДПМНЕ не е направен само заради одлуките и бизнис интересите на Мицкоски и неговите соработници. Граѓаните ова многу добро го знаат и нема да дозволат никој, а најмалку ВМРО-ДПМНЕ да ги прави будали“, велат од опозициската СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија
СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија, државата 7 години ја потонаа во криминал. СДС ликуваат на тоа што Македонија е заглавена. СДС напорно работеа првин да бидеме ставени во ист кош со Албанија, а потоа и Албанија да не претрка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС свесно работат Македонија да биде заглавена почнувајќи од договорите потпишани од Заев, завршувајќи со криминалот и корупцијата кои царуваа 7 години со СДС. 2% доверба во судството, девастирано здравство и образование, СДС систематски ја разгради државата. Радоста на СДС нема да трае, Македонија оди напред, со ВМРО-ДПМНЕ следува економска трансформација, владеење на право и просперитет“, пишуваат од партијата.
Македонија
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, грмежи и силен северен ветер
Заладувањето пристигна и во Македонија.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни.
Ќе дува засилен, a долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер (наместа над 70км/ч.)
Максималните дневни температури ќе се движат од 15 степени на повисоките места на западот на земјата, до 27 Целзиусови степени на крајниот југ.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 22 степени.