Македонија
Времето денес облачно, в петок и в сабота сончево и топло

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови, каде што ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
В петок и в сабота ќе преовладува сончево и топло време. Од недела следува период на нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава

Во рамки на работната посета на Јапонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Шохеј Хара, заменик-претседател на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), надлежен за соработка со Европа. Како дел од владината делегација, на средбата присуствуваа и министерот за култура Зоран Љутков и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев.
Во фокусот на разговорите беа важни и клучни прашања за понатамошната соработка, во делот на развојната и техничка помош која Јапонската Влада во континуитет ја дава на Република Северна Македонија преку финансирање на проекти и програми во разни области.
Министерот Муцунски истакна дека Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава, со вкупна помош која надминува 430 милиони евра. Тој изрази искрена благодарност за долгогодишната поддршка и партнерство, нагласувајќи дека Јапонија оставила траен позитивен белег во институционалниот, економскиот и општествениот развој на државата.
Македонија
СДСМ: Владата да ги објави сметките од гозбите во рестораните

Шокантен е одговорот на Владата по вчерашното објавување на сметките од над 30.000 евра што владините министри ги изеле и испиле во неколку ресторани во Скопје. Според Владата, тоа биле сметки од бифињата на министерствата, а не сметки за ручеци на министрите, велат од СДСМ.
Според партијата, прашањето е – колку вработени тоа јаделе и пиеле на државна сметка?
„Или станува збор само за министрите и кабинетите на министрите? Дали покрај тие трошоци, министрите правеле и ручеци во рестораните кои ги снабдуваат бифињата во министерствата? Колкав е тој вкупен трошок?“, велат од СДСМ.
Опозициската партија бара Владата итно да ги објави фактурите, деталните сметки кои ги поседува, за да се утврди дали и кои вработени направиле десетици илјади евра сметка за храна – или, пак, овие трошоци се направени од министрите по кафеаните.
„ВМРО-ДПМНЕ целосно се одлепи од реалноста. Откако потрошија 35.000 евра на манго и папаја, сега трошат по рестораните за ручеци и гозби. Ако се чесни – нека излезат во јавноста со детални сметки“, бара СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е доследен на Заев и во предавствата

Додека Филипче тврди дека и во опозиција останува доследен на вредностите на социјалната правда да го потсетиме Филипче дека единствена доследност, послушност и континуитет на СДС е следењето на политиките на Заев кои ја уништија и уназадија Македонија, велат од ВМРО-ДПМПНЕ.
Од таму прашуваат дали и Венко Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ, а Македонскиот и Бугарскиот јазик се исти?
„Филипче е доследен на Заев и во предавствата, нема значаен настан и момент во историјата, а СДС да не ги поткопа државните интереси и да го наруши достоинството на народот. СДС отсекогаш во историјата била на погрешната страна на настаните. СДС никогаш немала црвени линии кога станува збор за државните интереси. Нема значаен настан и датум во македонската историјата а СДС да не ги поткопа националните интереси и да го нарушила достоинството на македонскиот народ. Предавствата, виткањето кичма и коленичењето се синоним за СДС додека малкумина блиски до врхушката на СДС преку ноќ дебело профитирааат. Попустливоста и предавството се синоними и за Филипче кој е бледа копија и чувар на столчето на Заев во СДС. Заев им даде инструмент во рацете на Бугарија за континуирана блокада и можност за вето, Филипче на иста линија тврди и по цена на политичката кариера се залага за Бугарите во Устав. За Филипче, Заев и СДС нема црвени линии има само лукративен интерес“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче, велат од таму, исто како и Заев е попустлив и витка кичма во однос на уставните измени и внесување на Бугарите во уставот.
„На Филипче не му е важно достоинството на македонските граѓани и државата. Единствено нешто за што се грижи Филипче е спроведување на насоките на Заев и тоа како да дојде на власт со цел повторно да местат тендери во четири очи и фамилијарните бизниси да течат. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за националните интереси и достоинството на македонскиот народ. СДС е синоним на предавства, неспособност, и криминал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.