Македонија
Времето денес променливо облачно со сончеви периоди
Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намали.
Преку денот ќе дува умерен, а особено долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.
Од утре до крајот на работната недела времето ќе се задржи стабилно и суво, а утринските температури постепено ќе опаѓаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Приватните превозници се откажаа од блокадите и најавија враќање на улиците
Приватните превозници се откажаа од блокадите и најавуваат дека од утре се враќаат на улиците, откако на денешната координативна средба во Град Скопје е постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по извозен километар.
Во изјава дадена по состанокот, претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски изјави дека новите цени треба да се применуваат од 1 јануари, идната година.
-Успеавме да се договриме дека за рок од 15 дена ќе биде изработена стручна анализа заедно со нас, со координаторите на советничките групи, ќе се најде некое оптимално решение за да може да се направи нова методологија на цената, да се стават ставки кои треба да бидат структурирани и заклучно со 1 јануари, 2025 година стартуваме со нова цена, ќе се склучи анекс на Договорот, рече Зафировски.
Од Град Скопје претходно соопштија дека по вчерашната Седница на Советот на Град Скопје, на која не беше донесен заклучок во рамки на законските и деловнички процедури, денеска се одржал координативен состанок на кој учествувале градоначалничката и секретарот на Град Скопје, координаторите на советничките групи кои ги претставуваат политичките партии во Советот на Град Скопје, членови на Советот, претставници на стручните служби на Град Скопје и претставниците на приватните превозници.
На средбата, се посочува, е донесен заклучок според кој во рок од 15 дена треба да се изготви анализа во која согласно утврдената методологија ќе се утврдат реалните трошоци за извршување на услугата јавен превоз, од страна на експерти вешти лица, претставници на стручните служби на Град Скопје од соодветните сектори и со земање на предвид на поднесените податоци од страна на претставниците на приватните превозници.
Македонија
Ќе се прават вонредни инспекциски надзори за да се намали загадувањето
Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека во соработка со Државниот инспекторат за животна средина, согласно усвоениот Акциски план за краткорочни мерки за намалување на емисии на загадувачки супстанции во воздухот на Владата, започнале со вонредни инспекциски надзори без претходна најава на инсталации со А Интегрирана еколошка дозвола.
Како што се наведува во соопштението од МЖСПП, вчера, во периодот од 18:30 до 23:30 часот, од страна на три тимa составени од државни инспектори за животна средина и стручни лица од Управата за животна средина при Министерството извршиле надзор на 11 инсталации од кои Макстил, Цементарница, Те-То, ЕСМ Топлана Исток-ЕСМ ТопланаЗапад, ЕСМ Когел и Либерти Македонија, се посочува, биле во работен режим, додека ЕСМ Енергетика, БАУЕР и ЈП Улици и Патишта-не работеле при надзорот, а за Скопски легури се наведува дека не работи повеќе години.
-При инспекциите се изврши контрола на режимот на работа на инсталациите, емисиите во амбиенталниот воздух и фрекфенцијата на мерење. На посетените инсталации им се дадоа препораки, во рамки на активностите за зголемување на општествената одговорност, да ги зголемат зелените површини што дополнително влијаат на подобрување на квалитетот на водухот. Дел од нив веќе имаат преземено бројни активности во овој правец, стои во соопштението.
Вонредните инспекциски надзори без претходна најава продолжуваат согласно утврдена динамика на територијата на целата држава, а информации за надзорите ќе бидат дополнително споделени, најавуваат од МЖСПП.
Македонија
За 15 дена треба да се направи анализа за реалните трошоци на услугата за јавен превоз
Во Град Скопје денеска се одржа координативен состанок во врска со одлуката за зголемување на цената по километар за приватните превозници.
Од Град Скопје соопштија дека по вчерашната Седница на Советот на Град Скопје, на која не беше донесен заклучок во рамки на законските и деловнички процедури, денеска се одржал координативен состанок на кој учествувале градоначалничката и секретарот на Град Скопје, координаторите на советничките групи кои ги претставуваат политичките партии во Советот на Град Скопје, членови на Советот, претставници на стручните служби на Град Скопје и претставниците на приватните превозници.
На средбата, се посочува, е донесен заклучок според кој во рок од 15 дена треба да се изготви анализа во која согласно утврдената методологија ќе се утврдат реалните трошоци за извршување на услугата јавен превоз, од страна на експерти вешти лица, претставници на стручните служби на Град Скопје од соодветните сектори и со земање на предвид на поднесените податоци од страна на претставниците на приватните превозници.
-Анализата со предлог решение и одлуки да се презентира од страна на стручните служби на 16 декември пред истиот состав на координативен состанок, по кој членовите на Советот на Град Скопје ќе имаат можност да се изјаснат со носење на одлука со која ќе се изврши корекција на надоместокот за приватните превозници од страна на Советниците во Советот во Град Скопје, стои во соопштението од Град Скопје.