Македонија
Врнежи од дожд во текот на целиот ден, од утре постепен пораст на температурите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/02/dozd.jpg)
Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и со услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната значително ќе опадне и ќе се движи од 18 до 24 степени.
Во Скопје, претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кој повремено ќе биде обилен и пороен. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 17, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Од недела следува период на претежно стабилно време со постепен пораст на температурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот Коце Трајановски кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/sdsm4.jpg)
По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година, велат од СДСМ.
„Јавното претпријатие за државни патишта со буџет од над 600 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ му го довери на Коце Трајановски. ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти. Во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирмата Косистеми ДОО чија дејност опфаќа и градежништво. Ова е најава за огромна корупција која се подготвува во ова претпријатие“, дополнуваат од СДСМ.
Според партијата, ова не е промена туку правец назад.
„ Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи“, завршуваат од СДСМ.
Скопје
Без вода дел од Карпош
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/slavina-cesma-voda-2.jpg)
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека на ул.Ловќенска 33 поради санирање на прикључна цевка од 5/4” водоснабдувањето ке биде прекинато од 08часот се до санирање на истиот , поради што без вода ќе останат корисниците од ул.Ловќенска.(општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди, максимална темепратура до 30 степени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/oblak-redok.jpg)
Променливо облачно и посвежо во западните и крајните источни делови со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. UV=7
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Од петок следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура ќе биде во пораст, а особено топло ќе биде во недела и во првите денови од следната седмица.