Македонија
Врнежи од дожд со умерен ветер, температурата до 12 степени

Претежно облачно со променлива облачност во поисточните делови. Од изутрина ќе има врнежи од дожд, кои на места во попладневните часови ќе бидат обилни. На планините, а попладне и на некои повисоки места, ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој по должината на Повардарието повремено ќе се засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 8 степени.
Под влијание влажен бран преку ноќта од запад ќе се прошират врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни утре, како и во вторник претпладне (локално над 30 л/м2).
Врнежи од снег ќе има на планините, каде што снежната покривка значително ќе се зголеми, а од утре од крајот на денот повремен снег ќе има и на некои повисоки места, особено на западот.
Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и постудено време со слаби локални врнежи од дожд и снег на планините, а особено в среда снег ќе има и на повисоките места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.