Македонија
Врховен и Апелација одлучија: Нема да бидат изземени судиите во „ТНТ“ и „Насилство“
Врховниот суд нема да ги изземе судиите во случаите „ТНТ“ и „Насилство во Општина Центар“. Со барањето за предметот на СЈО „ТНТ“ за иземање на в.д. претседателката на Апелациониот суд – Скопје, Лидија Димчевска, и нејзиниот заменик, судиите одлучиле дека барањето е неосновано.
„Врз основа на ова решение, а постапувајќи по барање на одбраната во предметот „ТНТ“, за иземање на претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје Иван Џолев и неговиот заменик, Апелациониот суд – Скопје на 20.04.2018 година, донел решение со кое барањето на одбраната се отфрла како недозволено. Претседателот на кривичниот суд во Скопје, постапувајќи по барање на одбраната за иземање на судискиот совет кој постапува во предметот „ТНТ“ на 23.4.2018 година, донесе решение со кое барањето за иземање се одбива како неосновано.
Истите одлуки важат и за случајот „Насилство“. Адвокатите на обвинетите во неколку наврати побараа изземање на судиите, поради можноста дека биле прислушувани и дека може да се јават како оштетени во постапките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

