Македонија
Втора годишна конференција на Црвена Младина
„Вчера се одржа Втората годишна конференција на Црвена Младина со присуство на претседателот на Левица, проф д-р. Димитар Апасиев, претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, гости од младински организации од Србија и Хрватска, останати членови на президиумот на Левица и многу млади членови на Левица, каде што имаа можност да слушнат инспиративни пораки кои служат како постојан поттик во нашата борба но и плодни идеолошки дискусии кои ни служат како водилка“, информираа од Левица.
Апасиев истакна дека Левица е партија на младите и тие млади се моторот на Левица кои секогаш се присутни на барикадите кога е најпотребно. Притоа додаде дека Левица ќе продолжи да биде единствениот глас на младите и единствениот нивни застапник во институциите.
Ванковска имаше можност интерактивно да дискутира за најгорливите проблеми на младите денес. Професорката потенцираше дека идниот претседател на Македонија треба да биде некој кој конечно ќе ги слуша младите и заедно со нив да работи на нивно задржување тука.
На конференцијата беше истакнато за зголемената меѓународна сорабокта на Црвена Младина, за што говори и присуството на гости од СКОЈ, Србија и Млади Социјалисти, Хрватска, меѓутоа и бројните честитки кои стигнаа од нашите интернационални пријатели од Ирска, Норвешка, САД, Романија, Србија, Хрватска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
Одземени 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа и крим полицијата при МВР.
Дрогата е откриена при претрес на лицето извршен откако истото подигнало пратка во Пошта пристигната од Германија. Во координација со дежурен јавен обвинител, инспектори од Секторот за контрола и истраги заедно со припадници од МВР извршија и претрес во домот на лицето каде е пронајден пиштол кој е одземен од страна на царинските инспектори, соопшти Царинската управа.
Против лицето ќе биде поведена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.
Царинската управа согласно приоритетите во континуитет спроведува акции за сузбивање на сите форми на криминал, грижејќи за безбедноста на своите граѓани, додаваат во соопштението.
Скопје
Санкционирани 191 непрописно паркирано возило на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 191 непрописно паркирано возило кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 13.05. до 19.05.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 102 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 89 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се додава во соопштението на ПОЦ.
Македонија
Пожарникарите извлекоа паднат човек во реката Драгор
Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Битола од 18.45 до 19.35 часот, со четири пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на извлекување паднат човек во река Драгор кај месноста „Сали Мост“.
Паднатото лице не било повредено.
Од ЦУК апелираат за голема внимателност при појава на локалните нагли метео промени, да се избегнува движење во засеци во природата, суводолици и многу блиску до речни корита… и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на помали одрони при вакви променливи метео услови.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.