Македонија
Вторник, 28 август, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 28 Август, вторник, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството им го честита празникот на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Вреди“ почна да слави победа за Чаир

„Вреди“ очекува убедлива победа уште во првиот круг на Изет Меџити во Чаир, над опонентот од ДУИ, Бујар Османи.
Пред изборниот штаб веќе почна славење.
Според партиските анализи, „Вреди“ води и во Сарај, Желино, Теарце.
Очекуваат 4 до 7 градоначалнички места уште во првиот круг.
Македонија
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Штип: Разликата е над 15.000 гласови, благодарам штипјани!

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Иван Јорданов на социјалните мрежи објви дека градот направил вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, или сооднос 6:1!
„Денес испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Штип ја докажа со поддршка на веќе воспоставена локална самоуправа. На овие избори победи вербата во она кое го сработивме, енергијата која секојдневно ја вложуваме и отвори можност за нови резултати на секое поле. Новиот мандат нема да биде нова иднина, туку сегашност што сме ја посакувале! Благодарам мој Штип! Благодарам мои штипјани!“, напиша Јорданов.
Македонија
46, 65 проценти е одзивот на гласачи до 18:30 часот, соопшти ДИК

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори во Македонија.
„Последниот одзив е до 18:30 часот, одзивот на ниво на државата изнесува 46,65%, односно излегле да гласаат 803.091 граѓанин, од 94,62% од обработените избирачки места“, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
„Во споредба со Локалните избори во 2021 година, вкупниот одзив тогаш изнесувал 49,98%“, додаде Кондарко.
Конечниот одзив од изборите ќе биде познат после полноќ, за кога е најавена уште една прес-конференција, според Кондарко.
Генералниот одзив до 18:30 часот за Град Скопје изнесува 46,64%, информира ДИК.
„Три општини, Центар Жупа, Маврово и Ростуше и општина Врапчиште во моментов имаат помалку од една третина на излезност од вкупниот број на запишани избирачи во ИС. За избран кандидат во првиот круг на гласањето за градоначалник се смета оној кандидат кој добил мнозинство од гласовите под услов во соодветната општина да излегле да гласаат најмалку една третина од запишаните гласачи“, појасни Кондарко.
Според ДИК сите изибирачки места биле навреме отворени. Целокупниот тек на постапката за гласање бил спроведен без никакви проблеми. Сите изборни дејствија беа спроведени согласно Изборниот Закон и упатствата за работа на ДИК, појасни Кондарко.