Македонија
Вучиќ утре ќе присуствува на инаугурацијата на Пендаровски

Српскиот претседател, Александар Вучиќ утре ќе присуствува во Скопје на инаугурацијата на новоизбраниот претседател, Стево Пендаровски, потврдија од неговиот кабинет.
По победата на Пендаровски на претседателските избори, српскиот претседател Александар Вучиќ му упати честитка по повод победата. Од друга страна, Пендаровски изјави дека се надева оти наскоро ќе се сретнат со Вучиќ.
Стево Пендаровски ќе биде петти шеф на државата од нејзиното осамостојување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од денеска во Охрид заеднички патроли на македонските и српските полициски службеници

Денеска (21.07.) во Охрид отпочнаа со функционирање заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од македонското и српското Министерство за внатрешни работи.
Патролите се реализираат врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона на двете Министерства според кој, предвидено е заеднички патроли да патролираат низ Охрид секојдневно во текот на сезоната од 20 јули до 31 август.
„Она што посебно е карактеристично за оваа соработка е дека целта на заедничките патроли не е само зголемување на степенот на размена на искуства помеѓу полициските службеници од двете министерства, туку многу повеќе излегување во пресрет на граѓаните со цел задоволување на нивните потреби од безбедносен аспект како и обезбедување други сервисни потреби. Полицајците од Србија нема да имаат полициски овластувања и при реализација на полициската работа на терен ќе бидат обврзани да постапуваат во согласност со националното законодавство на РСМ, нема да го носат службеното оружје и ќе даваат само поддршка на полициските службеници од Охрид“, велат од МВР.
Српските полицајци пред стапувањето на работната задача детално биле запознаени со законотите во земјата.
Македонија
Арсовска до ВМРО-ДПМНЕ: Толку им е незгодно што не смеат да му писнат на нивниот соработник Висар Ганиу, затоа секојдневно ме напаѓаат

Градоначалничката на град Скопје секојдневно е мета на напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои со жив штит го бранат Висар Ганиу иако за истиот над 3000 страни цврсти докази за злосторничко здружување, фалсификати, перење пари и злоупотреба на службена должност и овластување се доставени до јавното обвинителство, соопштија од Град Скопје.
Арсовска се огласи преку статус на оцијалните мрежи.
„Толку им е незгодно што не смеат да му писнат на нивниот соработник Висар Ганиу, затоа секојдневно ме напаѓаат, бидејќи народот гледа и реагира дека не постапуваат против криминалот.
Денес му напишале 3 реченици на еден во штаб да ги прочита против мене, а Изет Меџити на Канал 5 го викнале на поправно интервју бидејќи на претходното излажа дека сум го тепала командант Барути. Да видиме вечер што ќе измисли. Подгответе се за нежно интервју без вистинските прашања.
Најголемата опасност за јакиве лидери е една жена сама, наспроти сите нив. Бидејќи сега “се разбудив”, да прашам додека “спиев” да не ги уапсија криминалците од ДУИ и Заев“, пишува Арсовска.
Македонија
Муцунски – Бурита: разгледана можноста за воведување директна авионска линија со Мароко

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на својот колега, министерот за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко, Насер Бурита, кој престојува во официјална посета на нашата држава. Оваа посета претставува потврда за одличните билатерални односи, споделените вредности и заедничката визија за иднината.
Двете страни ја реафирмираа подготвеноста за интензивирање на политичкиот дијалог и севкупната билатерална соработка. Министрите истакнаа дека денешната посета е почеток на ново поглавје во односите меѓу двете земји, кое ќе продолжи да се развива со заедничка посветеност.
„Разговаравме за унапредување на политичките односи, но и за нови можности за економска и трговска соработка, зајакнување на инвестициите и организирање на првиот заеднички бизнис форум. Стана збор и за можноста за воведување директна авионска линија помеѓу нашите две земји“, изјави Муцунски по средбата.
Во насока на понатамошно динамизирање на односите, министрите потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи. Дополнително, министерот за култура, Зоран Љутков, и неговиот марокански колега потпишаа Меморандум за унапредување на соработката во областа на туризмот.
Во рамки на средбата министрите потпишаа и Заедничка изјава, со која, меѓу другото, нашата држава ги поздравува сериозните и кредибилни напори на Кралството Мароко за унапредување на процесот под покровителство на Обединетите нации, при што се смета дека Планот за автономија за Западна Сахара, што Мароко го презентираше на Генералниот секретар на Обединетите нации во 2007 година, претставува уникатна основа за решение, што би било договорено во рамките на ООН.
На средбата се разговараше и за соработката во рамките на мултилатералните организации.