Македонија
Вчера се вакцинирале 14.084 граѓани, соопшти Министерството за здравство

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирале вкупно 390.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.493 граѓани, а се вакцинирале вкупно 14.084 граѓани. Во државата се аплицирани вкупно 627.948 дози вакцини, а ревакцинирани се 237.322 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Со последните бројки, 53 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 50 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица што изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 492.662 граѓани, велат од Здравство.
Додаваат дека вакцинацијата се спроведува во согласност со Националниот план за имунизација.
„Се вакцинираат возрасни лица, граѓани што искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критичната инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата, и тоа во „А1 арената – СЦ Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и во Прилеп“, соопштија здравствените власти.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).