Македонија
Вчера 794 сообраќајни прекршоци на територијата на целата држава, 163 за брзо возење

Од вкупно издадените 794 платни налози во текот на вчерашниот ден од страна на полициските службеници во рамки на сообраќајните контроли на патиштата низ земјата, по основ на прекршоци од делот на неправилно паркирање беа изречени 269 платни налози, по основ на возење со брзина поголема од дозволената 163 санкции, за возење без возачка дозвола изречени се 69 мерки, извести МВР
„Статистички гледано изречени се 57 мерки по основ на неносење сигурносен појас, потоа 20 санкции за користење мобилен телефон при возење, 33 санкции за пешаци и три за неносење заштитен кацига.
Инаку вчера изречени се седум санкции за возење под дејство на алкохол. Согласно пак одредбите од Законот за возила, 12 возила се исклучени од сообраќај заради техничка неисправност, а 10 возила затоа што не биле со важечка регистрација“, соопштуваат од МВР и додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селото Света Петка (општина Сопиште);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од селото Маркова Сушица (општина Студеничани);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од улиците 100,21,23,83 (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.