Македонија
В недела почнува зимското сметање на времето

В недела, 28 октомври, во 3 часот почнува зимското сметање на времето, при што со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад времето во 3 ќе се смета како 2 часот, соопшти Бирото за метеорологија.
Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март кога почнува летното.
Неодамна, Европската комисија соопшти дека ЕУ планира да го укине преминот од летно кон зимско сметање на времето, а во согласност со овој предлог земјите членки на ЕУ до април в година треба да одлучат дали ќе останат во зимско или летно сметање на времето. Предвидено е последното задолжително поместување на летното сметање да биде на 31 март 2019 година, меѓутоа членките што сакаат да се вратат на зимското сметање на времето ќе може да го направат тоа уште еднаш на 27 октомври 2019 година.
По одлуката на ЕК, Македонија се изјасни дека ќе го следи европскиот пример. Во земјата зимското и летното сметање на времето е воведено во 1996 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од денес пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум, најави Владата

Македонија се гради. Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри, најавуваат од Владата.
Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец, како што е појаснето во официјалното соопштение изнесуваше 11,7 милиони евра.
„Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по нов патен правец.
Овие капитални проекти го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија.
Владата работи и создава дела за просперитет на Македонија“.
Македонија
Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник, oпштина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура ќе достигне до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, во сабота наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.