Македонија
В недела Марш на толеранција во Скопје
По повод Меѓународниот ден на толеранција (16 ноември), Хелсиншкиот комитет за човекови права го организира десеттиот Марш на толеранција, кој ќе се одржи в недела, 18 ноември, со почеток во 12 часот, пред Музејот на Град Скопје.
„Политичко-општествените случувања во изминативе децении создадоа контекст во кој премногу често се прибегнува кон употреба на разни форми на насилство, контекст во кој омразата континуирано ја разорува кревката општествена кохезија во нашата земја. Денот на толеранцијата во 2018 година е токму посветен за борбата со насилството од омраза, што во нашата земја станува секојдневие. Затоа упатуваме јасна порака до сите институции во Република Македонија серозно да се посветат на унапредување на механизмите на санкционирање на насилството од омраза кое е сè поприсутно во нашето општество.
Делата од омраза немаат ефект на изолирани случаи, напротив, тие често имаат потенцијал да иницираат нови инциденти, да отворат поширока спирала на насилство, па и да кулминираат до точка на несогледливи последици. Тие придонесуваат за градење атмосфера во која насилничкото однесување е вообичаено, прифатливо па и одобрувано. Особено загрижува влијанието врз светогледот на помладите луѓе затоа што овозможува пренесување на штетните шаблони на однесување од генерација на генерација. Борбата против насилството од омраза мора да започне со градење позитивна средина во која сите се чувствуваат како дел од општеството со потенцијал за промена.
Исто така загрижува и постојаната неказнивост на говорот и делата од омраза која мора да запре. Особено говорот на омраза е присутен на социјалните мрежи без можност тој да биде санкциониран и отстранет. Тоа е главната сопирачка за промена на состојбите. Долгогодишното игнорирање на поттикнувачите и извршителите на дела на омраза и непостапувањето на надлежните институции остави простор за непречено ширење на реторика која поттикнува насилство врз поединци и групи.
Санкционирањето на овие дела е првиот и суштински исчекор за превенција на идни случаи. Но, образовниот систем и медиумите се исто така клучна алка во процесот на градење вистински ненасилна култура и похумано општество. Затоа, на јубилејниот десетти марш ќе упатиме апел до сите релевантни општествени чинители за креирање широк фронт за борба против овие појави коишто го загрозуваат животот и основните права на човекот. Вистински промени се можни само со респонзивни институции и свесни и одговорни граѓани кои го препознаваат и реагираат против насилството насекаде – во домовите, училиштата, стадионите, на улиците и во виртуелниот простор“, велат од Хелсиншкиот комитет.
Маршот е поддржан од организациите: ЛГБТИ Центар за поддршка, Цивил- Центар за слобода, Национален ромски центар, ХЕРА- Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Реактор – Истражување во акција, КВИР СКВЕР Скопје, Коалиција „Маргини“, Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство – Глас против насилство и МОФ – Младински образовен форум.
Рута: Музеј на град Скопје – улица Македонија – плато пред Универзитетот на ЈИЕ во Старата скопска чаршија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши и Бегај од Скопје порачаа: Заеднички кон ЕУ и подлабока регионална соработка
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.
Гаши изрази големо задоволство од средбата и истакна дека очекува пријателството и соработката што постојат меѓу двете земји во иднина уште повеќе да се зајакнат и унапредат. На меѓународен план, двете држави имаат исти цели и интереси, а тоа се членството во Европската унија, меѓусебната поддршка како непосредни соседи и сојузници во НАТО и продлабочувањето на регионалната соработка.
Тој изрази очекување и надеж дека двете држави заеднички ќе го продолжат својот пат кон европската интеграција, бидејќи тоа е многу важно не само за Северна Македонија и Албанија, туку и за останатите земји од регионот на Западен Балкан. Во функција на промоција на парламентарната дипломатија и градење на билатералните парламентарни односи, претседателот Гаши истакна дека одржува редовни контакти со колегите од Парламентот на Албанија и дека посетите на највисоко парламентарно ниво се одржуваат речиси секоја година.
Претседателот Бегај истакна дека Република Северна Македонија и Албанија се две пријателски земји кои делат исти вредности, визии и предизвици и претставуваат пример за соработка во регионот. Тој посочи дека е унапредена соработката во многу сфери од заеднички интерес, што е во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните во двете држави. Останува определбата за уште поголема соработка, особено во економската сфера.
Двајцата соговорници ја потенцираа важноста и улогата на Македонците и Албанците кои живеат во двете земји и претставуваат мост за градење стабилни и пријателски односи. Патничкото, енергетското и железничкото поврзување меѓу двете земји во рамките на Коридорот VIII ќе придонесе за уште поголема размена на луѓе, стоки и услуги, за што постои огромен потенцијал.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај се потпиша во Книгата на впечатоци и се обрати пред пратениците во Собранието.
Македонија
Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик
Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство, ја потврди заложбата на Движењето во однос на неопходноста од суштински и системски измени на изборниот модел во Република Македонија.
„Заложбите на Движење ЗНАМ се за воведување на една изборна единица со изборен праг од 2 до 3 проценти, со што ќе се овозможи правична застапеност и на помалите политички субјекти и независните пратенички листи. Што всушност беше и барање во одлуката на Уставниот суд.“ – истакна Бендевска.
Дополнително, таа нагласи дека цврст став на Движењето е намалување на бројот на пратеници во законодавниот дом на 90, бројка што, како што посочи, ќе соодветствува на реалната големина на популацијата во државата.
„Го афирмирам односно реафирмирам ставот на Движење ЗНАМ за намалување на бројот на пратеници на 90 со што ќе се придонесе за рационализација на трошоците, материјални, финансиски и човечки и ќе значи значителна придобивка за Буџетот на државата. Воедно, ќе се добие пофункционално, поефикасно и поконсолидирано законодавно тело, кое ќе биде во служба на побрз, поквалитетен и посериозен законодавен процес.“ – потенцираше потпретседателката.
Во однос на гласањето на дијаспората, таа потсети дека воведувањето на ваквиот модел беше проследено со зголемување на бројот на пратеници на 123, што, како што нагласи, отвори низа прашања за финансиската оправданост и ефикасноста на изборниот процес во странство.
„Сведоци сме колку чини изборната постапка која подразбира испраќање избирачки одбори во дијаспората, при што бројот на гласачи во повеќе случаи не соодветствуваше со првичната намера и очекувањата.“ – изјави Бендевска.
ЗНАМ додава дека ќе продолжи да се залага за изборен модел што гарантира еднаква вредност на секој глас и институции што работат ефикасно, транспарентно и во интерес на граѓаните на Република Македонија.
Македонија
Поради јазични бариери одложено продолжението на конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, кажа Филков
Поради технички причини денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство беше одложена за следната недела. Министерот за правда Игор Филков изјави дека членовите на работната група не се впуштиле во материјална расправа затоа што прво треба да се утврди дневниот ред.
,,Иако денес требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше да се избере претседател, како и да се донесе предлог-деловник за утврдување на методологијата и динамиката на работење, сепак тоа не се случи поради одредени јазични бариери. Од дел од присутните претставници на политичките партии беше побарано материјалите да бидат преведени за полесно да можат да се разберат’’, рече Филков.
Филков се надева дека следната недела членовите ќе се усогласат за термин , ќе се избере претседател на работната група и ќе се отпочне со работа каде што сите ќе имаат можност да ги дадат своите предлози и сугестии за реформите во изборното законодавство.

