Македонија
В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата.
МТСП ги извести управите на градинките дека по донесената одлука од Владата на својата 167. седница дека 14 декември 2019 година, сабота, ќе биде работен ден за вработените во државните институции. потребно е нејзино спроведување и од страна на јавните општински установи детски градинки.
Во согласност со одлуката, 14 декември 2019 година ќе се одработува за 2 јануари 2019 година, кој беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции.
Истовремено, МТСП ги извести градинките дека децата што имаат потреба од згрижување на 14 декември (сабота) 2019 година треба да бидат прифатени во детската градинка и во согласност со тоа ги задолжи да направат организација за прием и згрижување на децата. Организацијата за прием е во надлежност на управите на детските градинки.
МТСП ги информира градинките да ги известат родителите дека згрижувањето на децата ќе се организира во еден од објектите на установата. Препорачано е родителите благовремено да бидат известени во кој објект ќе се врши згрижувањето на децата.
Инаку, според одлуката на Владата, в сабота, 14 декември, од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со ‘Не биди ѓубре’“ со цел подигање на свеста за почиста околина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја две улици во Илинден и Волково

ЕВН Македонија АД известуваат дека на денес без електрична енергија ќе останат:
· од 08.30 до 12.30 часот, корисниците на улица бр. 27 во нас. Илинден. (Општина Илинден)
· од 09.00 до 11.00 часот, корисниците на улица бр. 33 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистоичен правец.
Македонија
Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се гаснат, додека шест се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во различни делови на земјата. Еден од нив е во Националниот Парк Јасен во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума. Друг пожар е пријавен во село Теарце, општина Теарце, каде што се гори ниска вегетација. Во општина Сарај, во село Радуша, исто така се активни пожари кои зафаќаат сува трева и мешана шума. Четвртиот активен пожар е во општина Кичево, на потегот помеѓу селата Челопејци и Миокази, каде исто така гори мешана шума, соопшти Центарот за управување со кризи.
Надлежните служби постојано апелираат до граѓаните да ги почитуваат сите препораки и забрани за палење оган на отворен простор, со цел да се спречи ширење на пожарите и да се заштитат природните ресурси.