Македонија
Георгиев: Се согласивме со Бугарите дека имаат поеднакво право на Прличев како нас
Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,тој е дел од заедничката историја и не е проблем доколку, годишнината од неговата смрт или раѓање ја чествуваме заедно, изјави за ,,Макфакс” професорот Ванчо Георгиев, еден од членовите на заедничката експертска комисија помеѓу Македонија и Бугарија.
Тој рече дека покрај за Григор Прличев се договориле заеднички со Бугарите да го празнуваме и денот на светите браќа Кирил и Методиј – 24 мај. За Цар Самоил експертската група не нашла заеднички став и допрва ќе се преговара.
„Заедничко чествување на делата на истакнатиот писател Григор Прличев и светите браќа Кирил и Методиј е она што е се договори експертската група. За цар Самоил сѐ уште нема договор дали заеднички ќе се слави, но двете страни се согласни дека треба да се направи реконструкција на ликот и делото на Самоил“,информираше професорот Ванчо Георгиев.
Тој не сакаше да ја коментира изјавата на неговиот колега Иван Илчев, поранешен ректор на Софискиот универзитет, кој за бугарски медими наведе дека бил постигнат компромис за Цар Самоил, односно дека ,,Македонците признале“ дека тој и припаѓа на бугарската историја.
,,Да не посега по туѓа историја и да ги почитува принципите на добрососедството.
Има цели поколенија во Македонија кои се „воспитувани со митови и легенди“. Апсолутно е нереално да се мисли дека тоа може да се промени за неколку месеци“, рекол Илчев.
Професорот Георгиев, рече дека заеднички став на македонската страна е да не се коментираат дневно-политички изјави, кои група луѓе во Бугарија деновиве ги користи за собирање политички поени пред престојните избори.
„Не сакаме да наседнуваме на провокации од поединци. Тоа се луѓе кои се блиски до Кракачанов и нивната задача е политичко дејствување. Ние и припаѓаме на експертската фела, сакаме со работа да делуваме“, рече Георгиев.
Инаку кратки изјави по завршувањето на состанокот дале Ангел Димитров од бугарската страна и Драги Георгиев на чело на комсијата од Макеоднија. Но, информациите кои ги дваат се без детали за тоа што точно се преговарало и дали се спорело околу цар Самоил. Освен што кажал дека заеднички ќе слават овие историски личности, Драги Георгиев дополнително рекол и дека било завршено изнесувањето забелешките за учебниците по историја во основното образование. Но,тој не наведува какви забелешки поднел експертскиот тим и дали било разговарано за менувањето на учебниците по историја.
Овие информации доаѓаат по третиот одржан состанок на меѓу експертското тело за заеднички историски прашања кое беше формирано пред шест месеци согласно Договорот за добрососедство и соработка меѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари
Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции.
Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена викендица, интервенирано со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители и ТППЕ Берово со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители.
Во 08.12 часот, на улица Бетовенова, запалена куќа, интервенирано со три противпожарни возила и 8 пожарникари-спасители.

Во 09.48 часот, во село Муртино, запален оџак, интервенирано со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители.

„Во случај на пожар или друга природна непогода повикај 112 или 193“, апелираат струмичките пожарникари.
Македонија
Хоџа-Јаупај: Јакнење на координираната заштита на прекуграничните подрачја
Во рамки на Министерскиот форум за Коридор 8 во Тирана, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се сретна со министерот за животна средина на Албанија, Софјан Јаупај.
Министерот Хоџа на средбата ја истакнал важноста од заедничка координација во заштитата на прекуграничните подрачја и во спроведувањето на европските стандарди за зачувување на биодиверзитетот и справување со климатските предизвици.
Тој нагласил дека регионалната соработка е клучна за обезбедување одржлив развој и за забрзување на европската интеграција на земјите од регионот.
„На средбата се разговараше за зајакнување на соработката меѓу двете земји во областа на заштитата на животната средина, управувањето со природните ресурси, третманот на отпадот, како и за унапредување на заедничките проекти во рамки на европската зелена агенда. Министерот Јаупај изрази подготвеност за продлабочување на институционалното партнерство и за реализација на конкретни иницијативи што ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животната средина и животот на граѓаните во двете земји“, соопшти Министерството.
Двајцата министри се согласиле соработката да се интензивира преку размена на искуства, заеднички проекти и координација во регионални и меѓународни форуми, со цел заштита на животната средина и промоција на одржлив развој во регионот.
Македонија
„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица
„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства кои им следуваат по основ на привремена спреченост за работа поради болест, а кои средства за многумина претставуваат единствен извор на приход во периодот додека се на боледување и им се нужно неопходни“, велат од партијата Левица.
„Пред само два месеци, од страна на Фондот информираа дека исплати од нивна страна се вршат редовно, а денес се поставува прашањето дали директорот Сашо Клековски ја манипулира јавноста за постигнатото на сметка на граѓаните кои се наоѓаат во незавидна позиција, или пак касата на Фондот не располага со доволно средства за навремено сервисирање на обврските?
Правото на надоместок за спреченост од работа поради болест е законско право и не е привилегија, туку основна социјална и работничка гаранција која треба да обезбеди сигурност на работникот во период кога е здравствено ранлив и привремено неспособен за работа, а во време кога инфлацијата расте, а Владата ги занемарува барањата за зголемување на платите, ваквото доцнење претставува дополнителен удар врз работниците и зголемен ризик по нивното здравје.
Затоа, бараме одговори од Фондот, кога ќе ги исплати работниците кои се на боледување, и дали поради неодговорно работење немаат доволно средства за редовно сервисирање на обврските кон граѓаните“, прашуваат од партијата Левица.

