Македонија
Герасимовски: Вклучувањето на граѓаните во креирањето на буџетот е значајно за развојот на Центар
Општина Центар, вечерва, од 18 часот, ќе ја одржи втората сесија од буџетските форуми. Состанокот ќе се одржи во ООУ „Киро Глигоров“, каде шпо ќе биде претставен и разгледан нацрт-буџетот на 2024 година и ќе бидат дискутирани проектите што граѓаните ги предложија на првата средба на буџетските форуми. Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува граѓаните да се вклучат во реализацијата и креирањето политики во локалната самоуправа.
„Мислењето на граѓаните ни е исклучително важно, затоа нивното вклучување во креирањето на буџетот е многу значајно за развојот и унапредувањето на животот во Центар. Ние ќе се фокусираме на нивните барања според приоритети во рамките на можностите на буџетот. Затоа ги поздравувам проектите што ги предложија и ние ќе ги разгледаме за некои од нив, секако, според нивната важност, да ги вметнеме во буџетот в година. На втората и завршна сесија исто така сме отворени за нови предлози за конечно прецизирање на буџетот“, порачува Герасимовски.
На буџетските форуми, покрај градоначалникот Герасимовски и граѓаните на Центар, свое учество земаат и раководителите на сите сектори на општинската администрација, кои ќе одговараат на прашањата на граѓаните во однос проектите што се предлагаат и советници во Советот на Општината. Минатата недела Општина Центар ја стави во функција алатката „Мој буџет“ со цел граѓаните направат преглед на приходите и расходите во нацрт-буџетот на Општина Центар за 2024 и ги изменат проектираните средства за одредена ставка според нивно видување. Вклучувањето на граѓаните во креирање на програмите и проектите ќе го направат поквалитетен животот за сите граѓани што живеат во општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава
Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение со наредба за нештетно уништување.
Како што информираат од АХЦ, станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка.
-На увозникот издедено му е решение со наредба за нештетно уништување на спорните количини киви, по добиеното известување од негова страна дека пратката не може да се врати во земјата извозник, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.
Македонија
Променливо облачно со магла и малку сонце
Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
Македонија
Возете внимателно, маглата ја намали видливоста на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен – М.Брод – Кичево и Дебар, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

