Македонија
Герасимовски: В недела барам поддршка од граѓаните за зелен и чист Центар, паркинзи и хумана урбанизација
В недела одлучуваме во каков Центар сакаме да живееме. Јас сакам Центар да го видам како европска општина со среќни и насмеани граѓани, со поголеми зелени површини, чист со слободни тротоари и хумано градење, им порача на граѓаните Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и коалицијата во денешната изјава со која се завршува кампањата за локалните избори во 2021 година.
Герасимовски рече дека програмата и проектите што ги презентирaл пред граѓаните во изминатиот период се реални и се произлезени од самите граѓани од нивните барањата и предлози.
„Јас и мојот тим долго работиме на вашите потреби и лоцирање на недостатоците во општината, сите ги забележавме и ја креиравме програмата. Јас сум сигурен дека мојата програма е најдоброто за општина Центар. А тоа е така затоа што за проектите нудам конкретни и прецизни решенија, испланирани во рамките на буџетот со временски рок на реализација. Впрочем, локалните избори не се само палета на проекти, туку и нивна исполнителност. Јас за моите проекти го гарантирам токму тоа“, изјави Герасимовски.
Tој ги повика граѓаните да ги разгледаат програмите и да одлучат за гласот в недела бидејќи некои од кандидатите ветуваат проекти што веќе ги презентира централната власт на СДСМ. Некои од проектите што се ветуваат пред граѓаните, според Герасимовски, немаат точна локација, временска рамка, ниту испланирани буџетски средства.
Герасимовски потенцира дека програмата „Најдоброто за Центар“ е реална и тоа е разликата помеѓу неговата и таа на другите кандидати. Притоа тој најави и вклученост на граѓаните при следните градби во општината преку јавна анкета или референдум.
„Ве повикувам да размислите во каков Центар сакате да ни поминува секојдневието. Јас ве повикувам сите масовно да се вклучите во изборниот процес, да изберете иднина за поубав Центар, ве повикувам да го заокружите бројот 12 и да прославиме уште една голема победа за Центар“, заврши Герасимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

