Македонија
Герасимовски: Ги враќаме училишните спортски игри во општина Центар
Со пригодна свеченост и со почитување на ковид-протоколите, денес, во ООУ „11 Октомври“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отвори Училишните спортски игри за учебната 2021/2022.
![]()
По двегодишна пауза поради пандемијата, од оваа година продолжија Училишните спортски игри во 8-те основни училишта во општината, кои се натпреваруваат во 4 спортови: кошарка, ракомет, фудбал и одбојка за девојчиња.
![]()
„Верувам дека со голема возбуда чекате да започнете со спортската борба и да дадете сè од себе за на крајот на годината бидете победници или најдобри стрелци и играчи во сите 4 спортови. Од годинава, во спортските лиги ни се приклучуваат и учениците од новото основно училиште ‘Киро Глигоров’, кои веќе ја добија својата соодветна спортска опрема и се подготвени рамо до рамо да се натпреваруваат со останатите ученици“, изјави на отворањето градоначалникот Герасимовски.
Градоначалникот Герасимовски на учесниците на спортските игри им посака успех и на крајот на училишната година заедно да ги слават победите и заедно да им се радуваат на успесите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

