Македонија
Герасимовски: Дарувањето крв е највисокиот чин на хуманост
„Донација што доаѓа од срце – Подари живот“, со оваа порака Општина Центар го одбележа 17 Март – Денот на формирањето на Црвениот крст на Република Северна Македонија и Денот на крводарителството.
Доброволното дарување крв претставува највисок чин на хуманост и алтруизам со единствена цел, да се мотивираат што поголем број луѓе да даруваат крв за да може да се соберат потребните количини крвни единици и да се спасат човечки животи.

Во салата на Советот на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски им додели благодарници на 14 истакнати крводарители со најголем број дарувања за 2022 година, во присуство на претседателот на Црвениот крст на ОО Центар, Ивица Бошков, и секретарот на Црвениот крст на ОО Центар, Валентина Колеска. За доброволно дарување крв и покажана хуманост и промоција на крводарителството признание доби и градоначалникот Горан Герасимовски, кој во оваа пригода на младите сограѓани им порача да се придружат кон хуманото семејство дарувајќи крв и покажувајќи солидарност на дело.
По закрепнувањето од ковид-пандемијата, особено радува фактот што Општина Центар на ниво на држава е трета по дарување крвни единици. Градоначалникот им честита за признанијата на активистите и на хуманистите, на крводарителите и на волонтерите од Црвениот крст – Општинска организација Центар за континуирано делување во нивната благородна мисија.

„Доброволното дарување претставува израз на високи хумани, морални и етички вредности, а секоја капка крв е драгоцена и може да спаси нечиј живот. Општина Центар има долгогодишна традиција во организирање и спроведување крводарителски акции во соработка со Црвениот крст и ви порачувам хуманоста да ви биде поттик и мотивација за понатаму кон постигнување уште повисоки резултати на планот на крводарувањето“, изјави Герасимовски.
Градоначалникот Герасимовски истакна дека во иднина Општина Центар ќе дава поддршка и на други социјални и хуманитарни проекти во организација на Црвениот крст сè со цел подигнување на јавната свест на граѓаните за хуманоста и за хуманите гестови. На присутните крводарители им беа доделени пригодни подароци, меѓу кои и слика од уметникот Живко Поповски-Цветин, првиот претседател на Црвениот крст во нашата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

