Македонија
Герасимовски: Заштедените 700 000 денари од репрезентативни трошоци се пренасочуваат за семејствата од социјален ризик
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој направи „нула“ денари трошоци за репрезентација, угостителски услуги и патувања во странство средствата ги пренасочува како еднократна парична помош за семејствата од социјален ризик во својата општина. Станува збор за средства во висина од околу 700 000 денари кои беа предвидени во општинскиот буџет за 2022 година и истите беа заштедени по овие основи.
„Општина Центар има градоначалник кој целата измината година не трошеше за репрезентативни трошоци, ниту на оние непопуларни трошоци за кафеана, патувања во странство но и службен автомобил затоа што јас сум вљубеник на велосипедот и секојдневно го користам како превозно средство. Овие мои практики донесоа заштеда во општинскиот буџет од околу 700.000 денари. Во пресрет на новогодишните и божиќните празници средствата ги прераспределуваме како финансиска помош за социјално загрозените семејства од нашата општина. Секој граѓанин заслужува достоинствено пречекување на празниците и ние обезбедуваме подобри услови за да го овозможиме тоа“, смета Герасимовски.
Градоначалникот Герасимовски уште пред стапувањето на функцијата вети одговорно и домаќинско работење и една година подоцна го исполнува тоа. Покрај оваа заштеда во Општина Центар беа реализирани бројни настани и проекти, започнати и капитални инвестиции со кои се подобруваат условите за живот на граѓаните и се зголемуваат можностите за социјален и економски развој.
„Со сите овие проекти кои ги започнавме изминатава година докажавме дека нашиот единствен фокус се граѓаните и нивните интереси и потреби. Непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии не се наша одлика и немаат никаков директен бенефит за сите нас. Затоа, ставаме крај на недомаќинското работење и ги отстрануваме непотребните трошоци“, смета Герасимовски.
Во Центар се работи и ќе се работи уште повеќе. Општината и граѓаните заедно ќе изградат нова приказна на задоволни граѓани и среќни генерации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.