Македонија
Герасимовски: На Водно нема да се гради, пристапен пат не е одобрен
Откога по пријави на граѓани Општината беше информирана дека на Водно има повторно градежни активности, денес на терен излегоа инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар. По извршениот увид, составен е записник и постапувајќи по Законот за заштита на урбаното зеленило, поведена е постапка за санкционирање на фирмата што копала.
Што се однесува до самата парцела, ова е парцелата на која одобрение за градба има инвеститорот „Маркеза“ ДООЕЛ, издадено на 7.4.2021 година. Оваа парцела се наоѓа во рамките на укинатиот ДУП Ј07 од страна на Уставниот суд. По одлуката на Уставниот суд, само оние со правосилни одобренија за градење може да градат во тој опфат.
„Како што веќе изјавив, на овој потег додека сум јас градоначалник, нема да дозволам градба, а пристапен пат не е предвиден и нема да се гради од причини, кои повеќепати ги образложивме во јавноста. Според информациите, инвеститорот почнал активности за ископ, очигледно со цел да ја задржи правосилноста на дозволата за градба, која доколку не почне градежни активности во предвидениот рок, по закон ја губи. Но, тоа е сè што може да направи бидејќи градба не може да има доколку нема пристапен пат за кој, како што веќе во повеќе наврати потврдив, Општината нема да го гради“, истакна градоначалникот Герасимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

