Македонија
Герасимовски: Околу 100 семејства добиваат по 7000 денари парична помош за новороденчиња
Во пресрет на новогодишните празници Општина Центар ја започна исплатата на еднократната парична помош за новороденчиња. Денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски од ООУ „Киро Глигоров“ врачи 97 решенија за доделување парична помош за принова во семејствата во вредност од 7 000 денари.
„Доаѓањето на новите членови во семејството се најголема радост и животно исполнување. Грижата за нив е приоритет на секое семејство и токму таа грижа значи здраво, среќно, исполнето и безгрижно детство. На мое задоволство денеска ги доделуваме решенијата за еднократна парична помош за најмладите Центарци. Покрај овие средства, новите родители добиваат и пакет производи и услуги од општествено одговорните компании Еурофарм, Хип, Веледа и педијатриски услуги од ПЗУ Жан Митрев. Меѓу нашите пријатели се вклучува и Црвениот Крст кој исто така преку општествена одговорна компанија доделува кенгурчиња за првите прошетки на најмалите“, изјави Герасимовски.
Градоначалникот на Центар на компаниите им упати огромна благодарност поради тоа што во услови на економска криза останале посветени на грижата и наклонетоста за најмладите. Тој порача дека преку подарувањето на услугите општествено одговорните компании покажуваат висока свест за потребите на своите потрошувачи што според Герасимовски е за поздрав.
![]()
Општина Центар во оваа прилика додели 97 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња и исплатата на овие средства е веќе во тек. Од почетокот на годината до сега општината има доделено 309 решенија и исплатено 2.403.402 денари вклучувајќи ги сите решенија.
Општина Центар ги поттикнува родителите на новороденчиња да го користат правото за користење на парична помош со поднесување на барање и потребната документација најдоцна до наполнување на шестиот месец на новороденчето.
Општина Центар останува посветена во негата и грижата за најмладите и продолжува да работи на тоа да им овозможи најдобри услови за раст и развој на сите дечиња.
На крај Герасимовски на најмладите им посака да се живи и здрави и да имаат среќно и безгрижно детство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

