Македонија
Герасимовски: 100 семејства добиваат по 7.000 денари парична помош за новороденчиња
Општина Центар почна со исплата на парична помош за новороденчиња. Денеска градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во Паркот на франкофонијата на 100 семејства од Центар кои имаат новороденче лично им ги врачи решенијата во висина од 7.000 денари.
„На мое задоволство денеска овде, во Паркот на франкофонијата, ги доделуваме решенијата за еднократна парична помош за најмладите центарци. Покрај овие средства, новите родители добиваат и пакет производи и услуги од општествено одговорните компании Еурофарм, ПЗУ Жан Митрев, Реплек, Геопром, Хип, Веледа за што би сакал да им упатам искрена благодарност. Со подарувањето педијатриски услуги и сет производи општествено одговорните компании покажуваат дека се силно фокусирани на своите потрошувачи. Тоа е навистина за поздрав“, истакна Герасимовски.
Еднократната парична помош за новите родители кои редовно ги доделува општина Центар се во рамки на проектот на општината за доделување првична помош и поддршка на родителите, жители на општина Центар. Во Паркот на франкофонијата градоначалникот Герасимовски на родителите на најмладите сограѓани во општината им посака добро здравје и среќно и безгрижно детство, а на родителите успешно родителство и хармонични моменти во семејството.
Општина Центар ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите во општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

