Македонија
Герасимовски: 3.300.000 денари за поддршка на повозрасните жители во социјален ризик од Центар
На 16. седница на Советот на Општина Центар, покрај другите точки, советниците ги изгласаа измената и дополнувањето на програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца за 2022 година. Со оваа измена и дополнување ќе им се овозможи на околу 14.000 жители на општината од најранливите категории да добијат помош во финансиски средства, со цел да им се подобрат животните услови во моментната економска криза.
„Во овој тежок период, кога сите се соочуваме со последиците од поскапувањата предизвикани од целокупната економска состојба, ние како општина повторно успеавме да им излеземе во пресрет на највозрасните. Ова можеби најмногу им го должиме на оние што нè одгледале и оние што се најзаслужни за тоа каде сме денес“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
За новата програмска активност „Поддршка на повозрасните граѓани – пензионери во социјален ризик“ од буџетот на Општината се издвоени 3.300.000,00 денари и овие средства се наменети за примателите на најниски пензии за да им се помогне во услови на зголемени животни трошоци.
По претходно доставената документација на увид, финансиските средства за оваа група граѓани ќе бидат префрлени на нивните трансакциски сметки.
Општина Центар во континуитет им дава финансиска поддршка на оние на кои им е најмногу потребна, а со оваа практика ќе продолжи и во иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

