Македонија
Германија ни донираше 72.000 брзи тестови за коронавирус
Германската амбасада донираше 72.000 брзи антигенски тестови за Македонија. Од започнувањето на пандемијата, Германија преку амбасадата неколкупати е директно вклучена со техничка помош во активностите со цел успешно надминување на кризата.
Министерот Филипче на прес-конференцијата упати благодарност за личниот ангажман на амбасадорката Анке Холштајн, велејќи дека ова е уште еден чекор напред во континуираната соработка во изминатите повеќе години.
„Разговараме за следните чекори за соработка, веројатно некоја форма којашто Германија ја иницира на ниво на Европската Унија, а тоа е соработка во време на пандемија во којашто ќе бидат вклучени буквално сите аспекти на оваа криза – заштита, лекови, стратегија во однос на пристапот и, се разбира, вакцини“, изјави министерот Филипче на денешната прес-конференција, во која заеднички ја соопштија донацијата со амбасадорката Холштајн пред модуларната болница на КИБФС.
Во текот на изминатата година до сега амбасадата донираше значајна количина на ЛЗО, респираторни машини, специјални заштитни маски и друга медицинска опрема и сега оваа количина на брзи антигенски тестови. Германската донација за македонското јавно здравство, финансирана од Министерството за надворешни работи на Германија преку организацијата за помош и за справување и заштита од катастрофи THW е во вредност од 298.000 евра наменети за јавно-здравствените установи и ковид-центрите.
„Германија од почетокот на пандемијата го поддржа здравствениот сектор во Северна Македонија со околу 1.450.000 евра. Исто така Германија е коосновач за платформата за снабдување со вакцини ‘Ковакс’ и нејзин најголем најголем донатор. Со 2,1 милијарда евра, ‘Ковакс’ снабдува 142 земји со вакцини и многу земји добиваат бесплатни вакцини. При тоа секое петто евро доаѓа од Германија, секое трето од Европската Унија“, истакна амбасадорката Холштајн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сите патишта водат кон Будимпешта, со владин авион кај шефот и на море, велат од СДСМ
Главна дестинација на владинот авион е релацијата Скопје-Будимпешта. Дури седум пати летале до шефот, во главниот град на Унгарија, според информациите за летањето на владиниот авион кои ги објавија медиумите, велат од СДСМ.
„Сите во Будимпешта, со владин авион, на консултации и по работни задачи кај шефот.
Наместо да лежи во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на Никола Груевски.
Затоа и беа тргнати потпретседателите.
Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренцијам се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски.
Мицкоски е само чувар на фотелјата.
Мора да се обезбеди безбеден терен за враќање на газдата“.
Според опозиционата партија, Мицкоски, Николовски, Силјановска најмногу го користеле владинот авион.
„Толку многу се шета, Мицкоски дури и на Јадран оди со владин авион на капење.
Затоа мора да се купува нов авион, да се даваат милиони евра народни пари“, прашуваат од СДСМ.
Македонија
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните: Во Собранието се одржа јавна расправа
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”.
Настанот го отвори координаторката на Клубот на младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која истакна дека мора да се биде во тек со современите држави кои ги користат ВИ алатките, и во тој контекст информира дека во работата на Собранието е вклучена вештачката интелигенција.
Советникот во ДЗР, Сашо Јаковчевски, кој го презентираше Извештајот, рече дека е потребна сеопфатна дигитална инфраструктура бидејќи имаме растечка база на знаење која може да се вклучи во спроведувањето на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Според државниот ревизор Максим Ацевски, институцијата е лидер по примената на дигитализацијата бидејќи посетеноста на веб-страницата за кусо време пораснала за 6,34 проценти.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека Министерството веќе има проекти со кој се очекува да се спроведе вештачката интелигенција во јавниот сектор, која треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните.
Учесниците во јавната расправа посочија дека без правна регулатива може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е потребна национална стратегија, заштита на личните податоци, институционален капацитет и правна заштита.
Македонија
Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег
Времето утре, ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи. Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и во среда.

